Походи на Александар Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
 
=== Поход на Персија ===
{{main|Поход на Персија}}
 
Армијата на Александар ги минала [[Дарданели|Дарданелите]] со околу 42.000 војници од Македонија, разни грчки градови-држави, како и платеници и пратеници од [[Тракија]], [[Пaјонија]] и [[Илирија]]. По почетната победа против Персиските сили во [[битката кај Граник]], Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот [[Сардис]], и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај [[Халикарнас]] (денес [[Бодрум]] во [[Турција]]) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, приморувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес - Персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиксодарус. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската [[Ликија]] и [[Памфилиската рамнина]] (близу денешна [[Анталија]] во Турција), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа, и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидискиот град. Во античкиот град [[Гордиум]], Александар го разрешил дотогаш нерешливиот [[Гордиев јазол]], загатка која според легендите била решлива само од идниот „крал на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан.
Ред 23 ⟶ 24:
Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бес, а потоа и против Спитамен, сатрап од [[Согдијана]], го одвела Александар низ повеќе делови на денешен [[Авганистан]] и [[Таџикистан]]. Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример [[Кандахар]] во Авганистан и [[Хуџанат]] во [[Таџикистан]]. Во тие походи, неговите противници биле поразени: Бес во 329., а Спитамен во 328г.п.н.е.
 
=== Поход конна Египет ===
{{main|Поход на Египет}}
 
Во Александровите походи на исток учествувала и [[Пајонија|пајонската]] лесна коњаница предводена од [[Аристон]]. Притоа, Александар и неговата војска насекаде биле пречекувани како ослободители од страна на покорените народи под персиска власт. По завземањето на градот [[Опсада на Тир|Тир]] (или Сидон) во [[332]] година п.н.е. и [[Газа]], бил отворен патот кон [[Египет]]. Притоа, градовите во [[Феникија]], [[Палестина]] и Египет без борба ги отварале своите врати и го прогласувале Александар за свој владетел. Како вешт политичар, во Египет тој го посетил [[храм]]от на богот на [[Сонце]]то [[Амон Ра]], ги придобил свештениците угнетувани од персиската власт, па тие го прогласиле за син на нивниот врховен бог и [[фараон]].
Ред 30 ⟶ 32:
 
=== Поход на Индија ===
{{main|Поход на Индија}}
 
[[Податотека:AlexanderConquestsInIndia.jpg|thumb|250px|Воена кампања и движење на Александар во неговиот поход на Индија.]]
Ред 60 ⟶ 63:
Александар дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер [[Пејтон, син на Агенор|Пејтон]] како [[сатрап]], позиција која тој ја задржал следните десет години се до [[316 г.п.н.е.]], а во [[Пенџаб]] тој го оставил генералот Еудемус како командат на војската под владение на [[Пор]] и [[Таџили]]. Еудемус станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата валдетели (Пејтон и Еудемус) се враќаат на запад во 316 г.п.н.е. со нивната војска, а на нивно место [[]Чандрагупта Мауриа] го формира [[Царство Мауриа|Царството Мауриа]] в Индија.
 
== РеференциНаводи ==
<references />