Прилепски конгрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9:
 
=== Прашањето за децентрализација и централизација на Организацијата ===
На Конгресот дошло до спротиставување на две гледишта за поредокот на Организацијата. Имено, [[Дамјан Груев]] се залагал за централистичкиот поредок но не наишол на подршка. Наспроти него била концепцијата на Пере Тошев за децентрализација на Организацијата и тој бил подржан од сите повидни револуционери <ref name="GP"><small>''Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.''</small></ref>. [[Пере Тошев]] изработил предлог-статут наречен ('''Образец I''') со кој се отфрлала мистериозната централизација. [[Ѓорче Петров]] за првиот предлог истакува дека:
 
{{Цитатник|''...кога ќе се почне од Ц.К. та до селата, а наместо неа — широка децентрализација. Сложен механизам во вишите раководни установи се предвиде, за да можат сите повидни сили на организацијата да земат учество во делата на организацијата... И покрај силната мотивација на Пере Тошев, кој меѓу другото се потпираше на расположението и желбата на самото македонско население, неговиот предлог-статут, како крајно децентралистички и којшто не одговараше на една револуционерна организација, не беше прифатен во неговата целост'' <ref name="GP" /> }}
 
[[Дамјан Груев]] откако увидел дека неговиот став за централизација нема да пројде предложил нов проект-правилник познат како ('''Образец II''') кој бил копија на првиот меѓутоа во поумерена форма <ref name="GP" />. Двата проекти од страна на [[Ѓорче Петров]] му биле испратени во [[Софија]] на [[Борис Сарафов]] кој требало да ги испечати <ref name="GP" />.
„Истата судбина го снајде и Дамевиот, кој многу слабо го застапуваше изборното начело за раководните тела“, — пишува Георги Поп Христов. На самиот Д. Груев му беше предложено да ги комбинира двата предлози во еден. Груев тоа го направи со соработка на Ѓ. Петров и на други децентралисти, очигледно воден од желбата да се подготви нешто што би било прифатливо од конгресот и во исто време и применливо.
 
Конгресот реши третиот предлог-статут (комбинираниот) да се употреби како експеримент во округот, двата (основни) предлози да се испратат за проучување во другите окрузи, а изработувањето на заедничкиот статут да му се препушти на идниот општ конгрес. Изработен беше исто така и правилник за четите.
 
=== Однос кон пропагандите ===