Разлика помеѓу преработките на „Солунски конгрес од 1903 година“

== Работа ==
 
Конгресот се отвори на [[215 јануари]], во физикално-математичкиот кабинет на [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Солун]]. Не пристигнале поканетите претставници на Штипскиот револуционерен округ и на Тиквешката револуционерна околија.За претседател на Конгресот бил избран [[Иван Гарванов]], претседател на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]], а за секретар [[Димитар Мирчев]]. На конгресот присуствуваа вкупно 17 делегати, сите до еден легални работници. [[Централен комитет на МРО|Ц.К.]] го претставувале: [[Иван Гарванов]], [[Спас Мартинов]] и [[Димитар Мирчев]]. Делегати станале и двајцата заслужни дејци, тукушто ослободените од неколкугодишно османско заточение, штипските револуционери [[Христо Поп Коцев]] и [[Тодор Лазаров]]. Главнината ја сочинувале претставници од 12 реони и тоа: Од Солунскиот револуционерен реон – [[Иван Сапунаров]], Битолскиот – [[Атанас Лозанчев]], Цариградскиот – [[Никола Петров]], Одринскиот – [[Велко Думев]], Серскиот – [[Лазар Димитров]], Скопскиот – [[Димитар Ганчев]], Струмичкиот – [[Иван Ингилизов]], Велешкиот – [[Тодор Пејков]], Радовишкиот – [[Георги Варналиев]], Гевгелискиот – [[Никола Хрлев]], Кукушкиот – [[Христо Влахов]], Воденскиот – [[Димитар Занешев]].
 
===Одлука за востание===
 
На третото заседание, на [[416 јануари]], кое траело само час и половина се прифатил и потпишал ''ПРОТОКОЛОТ'' за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјаснил само серскиот делегат Димитров, но на крајот и тој се присоедини кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Димитар Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието ''бар на една година'' , исто го потпиша затоа што ''и другите потпишале''. Нај важниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – било до извесен степен демантирано од уверувањата на [[Иван Гарванов]], дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од [[Бугарија]] ќе префрлат значително количество пушки и други материјали. По донесување на решението за востание од страна на Солунскиот – Јануарски конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието. На тој начин црелокупниот организационен механизам на [[ВМРО]] бил ставен во движење.
 
== Извори ==