Хонда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 116:

Хонда исто така била предводник во една нова технологија во нејзиниот HA-420 HondaJet, која овозможува нови нивоа на намалено влечење, зголемена аеродинамика и ефикасност на горивото, и со тоа намалување на оперативните трошоци.

Мотоспорт

Хонда исто така беше активна и во Мото спортот, како Гранд Прито со мотори, супербајк трки и други

Автомобили

Хонда како конструктор во Формула Еден за прв пат влезе во сезоната во 1964 во германското Гран При со Рони Бакнум зад воланот. Во 1965 во тимот дојде Ричи Гинтер и го освои првиот поен за Хонда на белгиското Гран При и исто така и ја донесе првата победа на Хонда на мексиканското Гран При. Во 1967 година таа ја доби својата нова победа во италијанското Гранд При со Џон Суртес како нејзин возач. Во 1968 година Џо Шлесер загина во Хонда RA302 за време на француското Гран При. Оваа трагедија во тркањето заедно со нивната комерцијална потешкотија во продажбата на автомобили во САД, предизвика Хонда да се повлече од сите Мото спортови таа година.

По 1965 година Брахамс поддржуван од Хонда во 1966 година доминираше на францускиот шампионат во Формула Два кој тогаш беше во рацете на Џек Брахам и Дени Хулм. Бидејќи таа сезона немаше европски шампионат, ова беше најдобриот Ф2 шампионат таа година. Во раните 1980-ти Хонда се врати во Ф2 давајќи му мотори на тимот на Рон Турнак Ралт. Турнак ги дизајнираше Брахам автомобилите во нивното поранешно вклучување. Тие повторно беа екстремно успешни. Во поврзаните вежби, компанијата Engine Developments на Џон Јуд произведе турбо Брахам-Хонда мотор за потребите на Индикар трките. Тој победи на само една трка во 1988 за Боби Рахал во Поконо.

Хонда се врати во Формула Еден во 1983 со друг партнер во Формула Два ,односно со тимот Спирит, пред нагло да се сврти кон Вилијамс во 1984. Во доцните 1980-ти и раните 1990-ти моќните автомобили на Хонда победија на 6 последователни Формула Еден конструкторни шампионати. Вилијамс Ф1 ја доби круната во 1986 и 1987 година. Хонда повторно стана верна во 1988. Новите партнери, тимот МекЛарен, ги освоија титулите во 1988, 1989, 1990 и 1991. Хонда се повлече од Формула Еден на крајот од 1992та, иако поврзаната Муген-Хонда компанија постоеше се до крајот на 1999 година и воедно победувајќи на 4 трки со Лигер и Јордан Гран Прито.

Хонда дебитираше на CART IndyCar светските серии во 1994 како доставувач на работи. На почетокот моторите беа далеку од компетитивноста, но после развивањето, компанијата придвижи 6 последователни возачи во шампионатот. Во 2003 година Хонда го насочи цел свој напор кон ривалот IRL IndyCar сериите. Во 2004 моќните возила на Хонда со големо мнозинство доминираа над IndyCar сериите, победувајќи во 14 од 16 IndyCar трки вклучувајќи ја и Индианаполис 500. Во 2006 Хонда стана единствениот доставубач на мотори за Индикар сериите вклучувајќи ја и Индианаполис 500. Во 2006 година Индианаполис 500 , за прв пат во историјата на Индианаполис 500, ја помина трката без ниеден проблем со моторот.

За време на 1998 година, Хонда сметаше да се врати во Формула Еден со нејзиниот сопствен тим. Проектот беше прекинат после смртта на нејзиниот технички директор Харви Постлетвајт. Наместо тоа, Хонда се врати како официјален доставувач на мотори за Бритиш Американ Рејсинг (БАР) и Гран Прито на Јордан. Хонда купи акции во БАР тимот во 2004 пред целосно да го купи тимот во 2005 и за прв пат да стане конструктор после 1960тата година. Хонда во 2006 победи на унгарското Гранд При со возачот Џенсон Батон. На 5 декември 2008 беше објавено дека Хонда ќе излезе од Формула Еден со непосреден ефект кој се должи на глобалната економска криза во 2008та. Тимот беше продаден на поранешниот директор на тимот Рос Браун и беше преименуван во Браун ГП а сега веќе Мерцедес Бенз ГП.

Мотоцикли

Honda Racing Корпорацијата (ХРК) беше основана во 1982 од страна на Ричард Хунда. Компанијата ги комбинира учествата во трките со мотоциклети насекаде низ светот со развивањето на високо потенцијалните тркачки машини. Нејзините тркачки активности се важен извор за креацијата на водечките компании за технологија употребени во развивањето на Хонда мотоциклетите. ХРЦ исто така придонесува и за развивањето на спортовите со мотоцикли преку ранг од активности кои вклучуваат продажба на тркачки мотоцикли, поддршка за сателитските тимови и програми за едукација на возачите.

Сочиро Хонда, кој и самиот бил тркач, не можел да остане надвор од тркачкиот мотоспорт. Во 1959тата, Хонда влезе со пет моторцикли во трката Остров на човекот ТТ, која е најпрестижната мотоциклистичка трка во светот. Иако секогаш имале моќни мотори, на Хонда му требаш време се до 1960тата за да ја адаптира нивната шасија доволно добро за да му овозможи на Мајк Хеилвуд да им ја донесе првата победа во Гранд Прито во 125 и 250 цц класите. Хеилвуд подоцна ќе им ја донесе и нивната прва сениорска ТТ победа во 1966 и 1967. Тркачките велосипеди на Хонда беа познати по нивниот елегантен и стилски дизајн и егзотичната конфигурација на моторот како што е 5 цилиндричен мотор,со 125 кубика и со 22000 вртежи во минута и нивниот 6-цилиндричен велосипед со 250 и 360 кубика.

Во 1979, Хонда се врати на Гранд Прито за мотоциклистички трки со нивните егзотични четириударни NR500. NR500 е опремен со издолжени цилиндри, секој со осум вентили и со поврзување на прачките во парови, кои се во обид да се усогласат со ФИМ правилата кои ги ограничуваат моторите на 4 цилиндри. Хонда ги инженираше издолжените цилиндри во обид да создаде двоактни тркачи. За жал, се чинеше дека Хонда се обиде да постигне премногу за многу кратко време и експериментот не успеа. За сезоната 1982, Хонда го дебитираше нејзиниот прв двоактен тркачки велосипед NS500 и во 1983 година Хонда ги освои нејзините први 500 кубика на Гран Прито на светското првенство со Фреди Спенсер. Од тогаш, Хонда стана доминантна марка на мотоциклистичките Гранд При трки, добивајќи плетеница на највисоко ниво на титули со велосипедисти како Валентино Роси и Мик Дохан.

Во мотокрос, Хонда има победено на 6 мотокрос светски шампионати. На World Enduro шампионатот, Хонда има освоено 6 титули, најбрзо со Стефан Мериман во 2003 и со Мика Ахола во 2007 и 2008 година. Во набљудуваните периоди, Хонда победи на три светски шампионати со белгискиот возач Еди Лежен. Тимовите кои ги користеле Хонда моторите покрај Хонда Ф1 се Јордан, БАР, Супер Агури, Вијиламс и Мекларен.

Електрични и возила на алтернативно гориво

Компресиран природен гас

Honda Civic GX е единственото возило на природен гас кое е комерцијално достапно во некои делови на ОН. Honda Civic GX прв пат се појави во 1998 година како фабрички модифицирана Honda Civic LX која била дизајнирана да работи исклучиво на компресиран природен гас. Колата изгледа и се вози исто како Honda Civic LX, но не работи на бензин. Во 2001, Civic GX беше оценета за автомобил со најчисто внатрешно согорување на моторот во светот од страна на Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА).

Најпрво изнајмена во градот Лос Анџелес, во 2005 година, Хонда започна директно да им ја нуди на јавноста GX преку фабрички обучени дилери кои се сертифицирани за сервисирање на GX. Пред тоа, само флоти можеа да си дозволат да ја купат новата Civic GX. Во 2006 година, Civic GX беше пуштена во продажба во Њујорк, што ја прави втора држава каде што потрошувачот е во можност да го купи овој автомобил. Додавање на гориво дома е достапно за Civic GX со додавање на Фил апаратот за домашно полнење.

Флексибилно гориво

Бразилската подружница на Хонда произведе верзии на флексибилно гориво за Хонда Цивик и Хонда Фит кон крајот на 2006. Како другите бразилски возила со флексибилни горива, овие возила се движат со било која комбинација на хидрос етанол (Е100) и Е20-Е25 бензин. Првично, со цел да се тестираат пазарните преференци, производителот одлучи да произведе ограничен број на возила со мотор на флексибилни горива односно 33% од производството на Цивик и 28% од Фит моделите. Исто така, продажната цена на верзиите на флекс горивата беше повисока од соодветните бензински верзии, околу 1000 американски долари за Цивик и 650 долари за Фит, и покрај фактот дека сите други возила на флекс гориво продадени во Бразил ја имаа истата цена како и нивните бензински верзии. Во јули 2009 година, Хонда на бразилскиот пазар го пушти во продажба својот трет автомобил на флексибилно гориво, Хонда Сити.

Во текот на последните 2 месеци од 2006 година, моделите со флекс гориво продадоа 2427 модели наспроти 8546 бензин автомобили, со нагло отскокнување на 41990 автомобили во 2007 и достигнување од 93361 автомобил во 2008. Поради успехот на флекс верзиите, од почетокот на 2009 година сто проценти од Хонда автомобилите произведени за бразилскиот пазар се со флексибилно гориво и само мал процент на бензин верзијата е произведен во Бразил за извоз. Во март 2009 година, Хонда на бразилскиот пазар го пушти во продажба првиот мотоцикл со флекс гориво во светот. Произведен од страна на неговаtа бразилска подружница Moto Honda da Amazônia, ЦГ 150 Титан Микс се продава за околу 2700 американски долари.

Хибридни електрики

На крајот од 1999 година, Хонда го произведе првиот комерцијален хибриден електричен автомобил кој се продаваше на американскиот пазар, Хонда Инсајт, саме еден месец пред воведувањето на Тојота Приус, која се продаваше за 20000 долари. Првата генерација на Инсајт беше произведувана од 2000 до 2006 и имаше економија на гориво од 70 галони за проценките на ЕПА автопатот, најефикасниот автомобил на гориво во масобното производство на сите времиња. Вкупната глобална продажба на Инсајт изнесуваше околу 18000 возила.

Хонда ја претстави втората генерација на Инсајт во нејзината матична нација Јапонија во февруари 2009, и ја пушти во продажба на другите пазари низ 2009, а на американскиот пазар во април 2009. Како хечбек со 5 врати за само 19800 долари, тој ќе биде најефтиниот хибрит кој ќе биде на располагање во САД. Хонда очекува да продава 200000 возила секоја година, а половина од oваа продажба да биде остварена во САД. Од 2002 година, Хонда исто така ја продава и хибрид верзијата на Цивик на американскиот пазар. Таа беше проследена и од Хонда Акорд хибридот кој беше понуден од 2005 до 2007 година. Продажбата на Хонда ЦР-З која започна во февруари 2010 во Јапонија, стана третиот хибриден електричен автомобил на Хонда на пазарот.

Водородни горивни ќелии

Во Таканезава, Јапонија, на 16 јуни 2006, Хонда Моторс ја произведе првата линија на ФЦХ Кларити, возило со хибридни водородни горивни ќелии. Поефикасен од гас-хибридните електрични возила, ФЦХ Кларити комбинира водород и кислород од обичниот воздух за да генерира електрична енергија за електричен мотор.

Самото возило не емитува загадувачи и неговите единствени производи се топлина и вода. ФЦХ Кларити исто така има предност пред гас-електричните хибриди во тоа што не користи мотор со внатрешно согорување. Како гас-електричен хибрид, тој ги користи литиумските јонски батерии за да и помогне на ќелиите со гориво во текот на забрзувањето и да зачува енергија преку регенеративното кочење, а притоа подобрувајќи ја ефикасноста на горивото. Недостатокот на водородни бензински пумпи низ развиените земји ќе го намали производството. Хонда ќе ги објави возилата во групи од по 150. Калифорнија е единствениот американски пазар со инфраструктура за полнење гориво во овие возила, иако бројот на места е се уште ограничен. Градењето на повеќе места е скапо, како што одборот за ресурси на Калифорнија додели 6.8 милиони долари за 4 Х2 бензински пумпи, од кои секоја чинеше 1,7 милиони американски долари.

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хонда