Разлика помеѓу преработките на „Солунска афера“

Додадени 418 бајти ,  пред 9 години
== Историски погледи за аферата ==
 
Во историската наука сеуште не е доволно јасно од каде произлегло предаството поради кое се разврзала аферата. [[Иван Гарванов]] истакнал дека како предавници се покажале Милан Михајлов, Милан Ризов и Коце Лазаров. Ова тврдење историчарите го прифаќаат, меѓутоа тие истакнуваат дека покрај нив во текот на судскиот процес се покажало дека имало и други кои предале тајни на организацијата. Историчарите исто така ја доведуваат во прашање и улогата на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]], односно се поставува прашањето дали [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] учествувал во избивањето на аферата? За можната улога на Комитетот се посочува изјавата на [[Софрониј Стојанов]] кој истакнал по враќањето во [[Софија]] дека си го уредил прашањето, притоа историчарите ја поставуваат дилемата дали оваа изјава се однесува на 5 бланко потврди или пак на предавството. Исто така се истакнува дека Софрониј не бил единствениот човек на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] во [[Солун]] и дека најголемиот предавник Милан Михајлов всушност бил нивни човек. Во однос на избивањето на аферата се доведува во прашање и улогата на членовите на поранешното [[Бугарско тајно револуционерно братство]] кои тогаш веќе биле дел од [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]], имено [[Јосиф Кондов]] бил член на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]], а [[Иван Гарванов]] бил член на Солунскиот окружен комитет. Треба да се истакне дека ни еден челен на поранешното [[Бугарско тајно револуционерно братство|Братство]] не бил уапсен иако биле на раководни и важни места во [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]]. Динев пак истакнува дека аферата не дошла дирекно од Милан Михајлов туку од Кочо Карловалијата кој бил предаден од Мито Петров од [[Мурарци]] кој го предал Карловалијата, а овој пак Милан Михајлов и дека така се разврзала аферата.
 
==Извори==