Јосип Броз-Тито: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 92:
Поради Агинтација меѓу војниците против војната, Јосип Броз е уапсен и затворен во Петроварадинската тврдина. Зборовите на Броз војниците ги примија со симпатии, но дојдоа некако и до ушите на еден австроунгарски наредник, кој веднаш го уапси. Петровардинската зандана му остана на броз во живо сеќавање:
:"Тоа беа вистински катакомби, без никаков прозорец. Кога влегов во теминината почнав да алкам околу себе. "Komm hier, Komm hier", ми довикува некој Швабо, кој веќе лежеше тука. Јас му кажав како се викам и дека сум работник по занимање, а и тој мене ми рече дека е работник. Ми раскажа дека две недели седи во затворот и дека никој не го повикува на сослушување".
 
== Учесник во октомвриската револуција ==
Во пролетта на 1915 година, Јосип Броз е префрлен на рускиот фронт, каде што во една порба со Черкози е ранет, заробен и како ранет заробеник е префрлен в болница. Сеќавајќи се на тој период, Јосип Броз вели:
:"Во заробеништвото многу читав, научив руски и прочитав многу дела од руските класици, особено романите на Толстој, Тургенев, Куприн и други. Спроти зградата во која бевме сместени ние заробеници живееја две гимназијалки, ќерката на еден механичарпрогонет во Сибир и ќерката на еден доктор. Тие постојано ни праќаа книги што ние откако ќе ги прочитавме им ги враќавме"<br/>
По оздравувањето заедно со другите е упатен во Алатир, кадешто се собира припадници на јужнословенските народи за создавање на доброволечки единици за борба против Австро-Унгарија. Со уште 70 другари Јосип Броз одбива да стапи во Доброволечкиот корпус. Тогаш во Доброволечкиот корпус настануваат големи политички превирања. Едни, меѓу кои мнозинството го сочинуваа токму раководителките на тој корпус и други кои работеа според инструкции од српската влада, го третираа тој корпус како орудие на големосрпската политика, без оглед на тоа што меѓу доброволците мнозинството беа од територии што дотогаш беа под австроунгарското царство: од Босна, Херцеговина, Лика, Далмација, и други краишта на Хрватска, како и од Словенија. Други, меѓу кои беа одделни преставници на Југословенскиот одбор, сметаа дека тој корпус треба да биде орган на идната југословенска политика. Социјалистите смеетаа дека не треба да се седи во борба, ни за Голема Србија, ни за Голема Хрватска, ни за Голема Словенија, туку за Југославија во која рамноправно ќе се здружат сите југословенски народи. Спор имаше и околу заклетвата.
:"Одбивавме - раскажуваше подоцна Тито - да му ја положиме на српскиот крал. Освен тоа, во внатрешниот живот на единиците од тој корпусисто така владееше дрилот, кој што внесуваа особено одделни српски офицери, кои дојдоа од солунскиот фронт. Тие истотака ги малтретираа војниците , како што беше тоа и во австроунгарската војска. Поради сето тоа, јас со тие 70 другари одбив да се борам во тој корпус. Оттаму нас не пратија во заробеничкиот логор во малото место Ардатов."</br>
Јосип Броз работи потоа на пругата кај Кунгур и Ергач. Во Кунгур се запознава со многу напредни работници. Другарот Тито посебно се сеќава на инжинерот Кац. Кога во пролетта во 1917 година, во Ергач се уапсени група болешвички настроени работници и се појавува опасност и Броз да биде уапсен, ибдејќи е поврзан со нив, инжинерот Кац му помага да избега. Му дава цивилна облека и му овозможува скришно да замине од Ергач. Го упатува со лична препорака до својот син во Петроград, кадешто Броз заминува илегално, скриен во еден товарен воз што пренесува жито.
:"Синот на Кац беше вработен во Путиловскиот завод и веднаш го најдов. Му пренесов поздрав од татко му, а тој ме задржа ов својот стан. Со негова помош јас се вработив во Путиловскиот завод. Но, останав на работа само неколку дена, зашто дојде до познатите јулски демонстрации на петроградскиот пролетаријат против Привремената влада. Излегоа десетини илјади работиници на кои и самиот им се придружив. Носеа транспаренти со пароли: "Долу Привремената влада! Сета власт на советите на работничките и војничките депутати!" Бев одушевен од силата и организираноста на тие демонстрации и во нив видов каква сила преставува работничката класа. Меѓутоа, се знае дека тука контрареволуцијата употреби оружје против демонстрантите. Реакцијата беше поразена во текот на февруарско-мартовската револуција, но не беше уништена, па нејзините сили набрзо се прибраа (индустријалците, големопоседниците, високиот клер, офицерите, козаштвото и тн.). Таа во јѕлските демонстрации премина во контраофанзива. Јас се наоѓав со демонстрантите во близината на една голема железничка станица кога беше отворен огин од митралез на покривот од таа станица. Голем број работници беа убиени. Тогаш започнаа масовни затварања. Беше затворен и младиот инжинер Кац. Настана тешка ситуација и за мене. Учестовот во тие демонстрации за мене сигурно беше еден од големите фактори што уште повеќе ме убеди дека работничката класа е многу важен чинител за промена на општествениот систем и дека и јас морам да учествувам во тоа - колку што ми дозволуваа моите физички можности, зашто јас сеуште бев слаб, носејќи ги последниците од ранувањето."<br/>
По овие настани, со оглед на тоа што инжинерот Кац како единствено засолниште на ЈОсип Броз беше уапсен - Броз се упатува во Финска. Сеќавајќи се на тие деонови другарот Тито вели: "Кога бев кај местото Улеобор (денес Оулу) наднав во рацете на полицијата." На пат за Сибир, кадешто го спроведуваат како затвореник бега од своите спротивници и вешто избегнувајќи ги заседите на белите козачки патроли, успева да им се пдиружи на болшевиците. Заедно со 350.000 свои земјаци, Јосип Броз се бори во редовите на Црвената армија за советската власт. Во тие бурни денови е примен и во членството на Паријата. Се чуствува среќен и горд.
:"Кога ја видов победата на револуцијата, победата на работничката класа, тоа навистина силно ме одушеви и тоа никогаш не можам да го заборавам" - забележува подоцна Јосип Броз.<br/>
По завршувањето на војната во 1918 година се изменува картата на Европа. По победата на Србија и нејзините сојузници се распаѓа папсаното австроунгарско царство и се создаваат нови држави. Прогласено е и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Така за првпат во својата историја југословенските народи успеаја да се обединат. Но, единство немаше. Новосоздадената држава ја раскинуваа многубројни и разновидни спротивности. Пред се, не беше решено националното прашање. Игнорирани беа националните и културните традиции на Словенците и Хрватите и беше оневозможен нивниот натамошен слободен развиток. Македонците и Црногорците беа сметани за делови на српскиот народ и беа задушувани нивните национални права. Земјата беше заостаната и сиромашна. Забрзаниот капиталистички развиток доведуваше до нагло осирумашување на селото и до пролетизирање на населението во градовите. Селанецот беше оптоварен од данок и презадолжен без надежи за подобри денови. Невработеноста во сите краишта на земјата беше голема. Незадоволството на народот добива широки размери. Мала група луѓе околу дворот, давајќи му концесии на странскиот капитал, нагло се богатува. Земјата се давшее во долгови, запаѓајќи се повеќе во економска и општествена криза.
 
== Втора светска војна ==