Јован Оливер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 68:
==Ктиторство==
 
Јован Оливер се јавува како ктитор на неколку цркви и манастири во [[Македонија]]. Во [[1337]] година црквата св. Димитриј во [[Кочани]] ја дарувал со околните села и луѓе. Во почетокот на 40 - тите години на XIV век го обновил храмот на светителот [[св. Гаврил Лесновски]] и станал негов ктитор заедно со сопругата Ана - Марија и децата. Портретот на Јован Оливер и на неговото семејство се насликани како ктитори и на нараклисот св. Јован Претеча во катедралниот храм [[Света Софија Охрид|св. Софија ]] во [[Охрид]] што предизвикало извесна збунетост кај историчарите. Имено во средновековието е пракса да се даруваат села и имоти на манастири и цркви кои се наоѓаат на територијата на феудалниот дарител, а не надвор од таа територија. Во овој случај се знае дека феудалните територии на Оливер се наоѓаат во [[Источна Македонија]] и отука произлегло прашањето зошто Јован Оливер со своето семејство се јавува како ктитор на [[Света Софија Охрид|св. Софија ]] толку далеку од своите владенија. Има две гледишта за ова прашање. Дека водел потекло од тој дел на [[Македонија]] или пак дека тоа укажува на неговото големо богатство како можниот обид за засилување на своето влијание преку [[Охридска архиепископија|Охридска архиеоископија]].
 
==Извори==