Јован Оливер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 38:
===Статус===
 
Јован Кантакузин истакнува дека во царството на [[Стефан Душан]] имало 24 највлијателни велможи, а меѓу нив Јован Оливер бил најмоќен. Тој имал релативен суверенитет што им се давал на таканаречените ''краишници'' кои биле заповедници на пограничните области и имале поширока политичка иницијатива за одбраната на границите. Оливер добро напредувал во српското царство и за кратко време ги поминал сите степени во српската дворска хиеррархија, почнувајќи од командант на копнената војска стигнувајќи до титулата ''деспот''. Во текот на српските завладувања во [[Источна Македонија]] Оливер земал видно учество во нив и тоа му помогнало да стане еден од најблиските и највлијателните феудалци на [[Стефан Душан]]. Во [[1341]] година како ''велик слуга'' Јован Оливер самостојно зазел некои области во [[Македонија]], а некои од византиските феудалци околу [[Кочани]] не се предале на српскиот владетел туку лично на Оливер. Богатството кое го имало како и највисоката титула ''деспот'', после српскиот цара, што ја достигнал со текот на времето му овозможувале да поседува поголема самостојност во српското царство во споредба со другите феудалци како и да прави планови во личен интерес <ref name="AA"><small>''Александар С. Атанасовски, Македонија во XIV - докторска дисертација, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Филозофски факултет - Институт за историја''</small></ref>. Очигледно Јован Оливер бил доволно моќен и воено силен за да се задоволи со улогата на обичен служител на српската држава <ref name="AA" />. Оливер уште пред да ја добие титулата ''деспот'' имал сопствен административен систем, различен од оној на српскиот владетел, сопствени вазали и неговите ''луѓе'' имале двојно вазалство. Овие биле гледани најпрво како луѓе на Оливер , а потоа на српскиот владетел. Односно Јован Оливер имал свои сопствени феудалци кои му биле потчинети, а таков бил Иван Пробиштиповиќ <ref name="AA" />.
 
==== Титули====
Ред 49:
 
{{Цитатник| ''и подари деспот царства ми'' <ref name="ALH"><small>''Архимандрит Леонид, Хрисовуља цара Стефана 287 - 296.''</small></ref>}}
 
===Односот со централната власт===
 
===Имоти===