Сет (бог): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: arz:ست (الاه); козметички промени
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{внимание}}
'''Сет''' или '''Тифон''' е древноегипетски бог на пустината, бурите и хаосот. Припаѓал на [[Енеадата]] од Хелиополис и бил син на [[Геб]] и [[Нут]]; брат на [[Озирис]], [[Нефтида]] и [[Изида]]. Најчесто се појавува како сопруг на сестра му [[Нефтида]], а понекогаш е сопруг на [[Таурт]].
 
Бог на војната, пустините, бурите и туѓите земји. Како бог на пустините бил заштитник на караваните, но бидејќи предизвикувал песочни бури ја загрозувал плодноста на Озирис.
Ред 15:
 
Во легендите за Озирис, Сет е оној што го измамува и убива брата си Озирис. Тој исто така, е непријател на [[Хорус]]. Во битките со Хорус, кои траеле 80 години, тој му го извадил левото око на Хорус, додека Хорус му отсекол нога и тестисите. На крајот Хорус се покажал како победник и станал законски владетел на обединетиот Египет; Сет пак бил обврзан да му го врати окото на Хорус и бил кастриран или убиен. Според друга верзија заминал да живее со богот [[Ра]] и го претставувал гласот на громовите. Во „Книгата на Мртвите“ е наречен како „Господар на Северното Небо“ и е одговорен за бурите и облачното време. До 26-тата Династија, Сет е олицетворение на злото и прикажуван е со црвени очи и коса. Древните Египќани сметале дека црвената боја е одлика на злото.
 
Во пораните периоди го сметале за брат на „Хор Стари“, грчкиот Ароуерис, па Сет претставувал ноќ, додека Хор претставувал ден. Секој од овие богови им учинувале на умрените многу услуги. Но во подоцнежните периоди, мислењето на Египќаните во однос на Сет се сменило по владеењето на кралевите под име „Сети“, т.е. оние чие име во основа потекнувало од Сет, па тој станал персонификација на сето зло и насилство, и сето она што во природата е грозно и ужасно, како пустињата во својот најосамен облик; бура, олуја итн. Сет како моќ на природата, секогаш водел војна со Хор Стари, т.е. ноќта водела борба со денот за превласт. Првата победа на Хор над Сет ја симболизира победата на денот над ноќта, додека во втората битка победата на Хор ја симболизирала победата на животот над смртта, и доброто над злото. На крај Сет бил избркан од царството и протеран во пустина, од каде што сакал повторно да се врати и да го уништи Египет. Сетов симбол бил животно со глава со налик на камила; киповите на овој бог се ретки, бидејќи повеќемината биле уништени од Египќаните кога го промениле мислењето за него.
 
 
{{Египетски божества}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сет_(бог)