Нут: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: et:Nut
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Во [[египетска митологија|египетската митологија]], '''Нут''' била божица на [[небо]]то<ref>Mитологија, илустрирана енциклопедија на главните митови и религии во светот, од Ричард Кевендиш, 1998</ref>. Нејзиното име значи ''ноќ''. Некои од титулите на Нут биле ''Покривачка на небото'', ''Таа што заштитува'', ''Сопственичка на сè'', и ''Таа што држи илјада души''. На почеток била божица на дневното небо, но подоцна позната е едноставно како божица на небото. За Нут се велело дека е прекриена со ѕвезди кои ги допираат главните точки на нејзиното тело. Нејзиниот шешир е хиероглифски дел од нејзиното име, налик на котел, кој исто така може да е симбол за матката. Египќаните велеле дека секоја жена е ''нутрит'', мала божица.
Нут била божица на небото и на сите небесни тела, симбол на [[воскреснување]]то и [[реинкарнација]]та.
 
Нут била Себова жена и мајка на Озирис, Сет, Изида и Нефтида. Првобитно била персонификација на небото и го претставувала женскиот принцип кој бил активен во создавањето на вселената. Според едно старо мислење, Себ и Нут постоеле во првобитната водена бездна, заедно со Шу и Тефнут; подоцна Себ станал земја, а Нут небо.
Се претпоставувало дека овие две божества (Себ и Нут) се спојувале секоја вечер и дека останале гушнати до утрото, кога Шу ги раздвојувал и ја поставувал Нут како божица на небото, а Себ како бог на земјата. Нут природно е сметана за мајка на боговите и сите живи созданија, и таа и нејзиниот маж Себ биле почитувани како давачи на храна не само на живите, туку и на мртвите. Божицата Нут била претставена како жена преку чие тело патувало сонцето, а понекогаш и како крава; на неа ñ било посветено дрвото сикомора.
 
 
== Фусноти ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Нут