Сојуз на писатели на Русија

Сојузот на писатели на Русија (руски: Союз писателей России) ― творечки сојуз на професионални писатели во Русија. Тој е наследник на Сојузот на писатели на РСФСР, основан во 1958 година.[1] Сојузот на писатели на Русија има 90 ограноци во регионите на Русија и другите земји.

Активности

уреди

Главните задачи на Сојузот се:

  • зачувување на единствена културна, книжевна и информативна област во Руската Федерација;
  • помош за зачувување и развој на рускиот јазик и книжевност, како и јазиците и книжевностите на другите народи на повеќенародната Руска Федерација; задоволување на потребите на народите во светот кои сакаат да се приклучат на рускиот јазик и книжевност;
  • создавање услови за реализација на творечките способности на членките на Сојузот и почетните писатели;
  • зајакнување на творечката заедница на писатели на Руската Федерација, како и на други земји во светот;
  • развој на иницијативи за усвојување на државно и регионално ниво на законодавни одлуки за подобрување на домашното издавање книги, превод, наградување на делото на авторите, обезбедување на нив социјална и друга поддршка;
  • организација на акции и настани насочени кон промовирање на достигнувањата на класичната и модерната руска книжевност;
  • грижа за зачувување на книжевното наследство, помош на млади писатели;
  • размена на искуство помеѓу руски писатели и писатели од странски земји.

Претседатели

уреди

Функцијата претседател на Сојузот на писатели на Русија ја извршувале:

  • Леонид Соболев (1958-1970)
  • Сергеј Михалков (1970-1990)[2][3]
  • Јуриј Бондарев (1991-1994)
  • Валериј Ганичев (1994–2018)
  • Николај Иванов (2018)[4][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „СОЮЗ НЕРУШИМЫЙ“. 31 мај 2018.
  2. Сергей Владимирович Михалков. Биографическая справка
  3. „Биография Сергея Владимировича Михалкова“. Российская газета. Посетено на 11 април 2021.
  4. „Председателем Союза писателей России избран Николай Иванов“. smotrim.ru. Посетено на 11 април 2021.
  5. „Новым председателем Союза писателей России избран Николай Иванов“. Русская Народная Линия. Посетено на 11 април 2021.

Надворешни врски

уреди