Социјалните песни се вид песни преку кој се опишуваат општествените проблеми, најчесто сиромаштијата и некои други последици што произлегуваат од нееднаквата положба на луѓето од нивниот различен статус во општеството. Во социјалните песни преовладува мрачното расположение, но има и такви во кои преовладува борбениот и оптимистички тон преку кои поетот искажува верба во победата над општествената неправда.

Познати поети на социјалните песни во македонската книжевност се: Кочо Рацин, Никола Вапцаров, Коле Неделковски.

Наводи

уреди