Софтверско наследство

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Софтверско наследство е непрофитна иницијатива на повеќе засегнати страни, создадена во 2016 година од страна на Ириа[1], и поддржана од УНЕСКО[2][3][4].

Софтверско наследство
Основанајуни 30, 2016; пред 8 години (2016-06-30)
СедиштеInria
МестоRocquencourt, France
Scientific AdvisorsGérard Berry
Jean-François Abramatic
Serge Abiteboul
ПрипадностInria
Мреж. местоsoftwareheritage.org

Преглед

уреди

Мисијата на Софтверско наследство е да го собере, зачува и сподели целиот софтвер што е јавно достапен во форма на изворен код, со цел да се изгради заедничка, споделена инфраструктура во служба на индустријата, истражувањето, културата и општеството како целина[5].

Изворниот код на софтвер се собира со индексирање на платформи за вдомување на кодови, како што се GitHub, GitLab.com или Bitbucket, и архиви на пакети, како Npm или Pypi, и вметнат во посебна структура на податоци, Merkle DAG, што е јадрото на архивата на Софтверското наследство.[6] Архивата обезбедува силни криптографски идентификатори, наречени SWHID[7], за сите архивирани артефакти.

Со цел да се зголемат шансите за зачувување на архивата на Софтверско наследство долгорочно, воспоставена е mirror програма во 2018 година, на која се приклучија ENEA[8] и FossID[9] од октомври 2020 година.

Историјат

уреди

Софтверско наследство е асоцијација развиена во Инрија од почетокот на 2015 година, под раководство на компјутерските научници Роберто Ди Космо и Стефано Закироли [10], а официјално е достапна за јавноста на 30 јуни 2016 година[1][11] .

Во 2017 година, Инрија потпишале договор со УНЕСКО за долгорочно зачувување на изворниот код на софтвер и за широка достапност, особено преку иницијативата Софтверско наследство[12].

Во јуни 2018 година, во седиштето на УНЕСКО, еотворена Архивата на Софтверско наследство[2][6].

На 4 јули 2018 година, Софтверско наследство е вклучено во Францускиот национален план за отворена наука[13].

Во октомври 2018 година, стратегијата и визијата за основата на мисијата на Софтверско наследство биле објавени во Комуникацијата на ACM[5].

Во ноември 2018 година, Инрија и УНЕСКО свикале група од 40 меѓународни експерти кои треба да се состанат во ноември 2018 година на покана од Инрија и УНЕСКО[14] доведе до објавување на изворниот код на Парискиот повик за софтвер[15] во февруари 2019 година.

Во ноември 2019 година, GitHub потпишале договор со Инрија за подобрување на архивскиот процес на GitHub домаќин на проекти во архивата на Софтверското наследство[16].

Складиштето на Софтверско наследство денес содржи над 143 милиони софтверски проекти, со архива од над 9,1 милијарди уникатни изворни податотеки заклучно со октомври 2020 година[6].

Финансирање

уреди

Софтверско наследство е непрофитна организација, финансирана главно од донации од спонзори за поддршка, кои вклучуваат приватни компании, јавни тела и академски институции[17].

Софтверско наследство исто така бара поддршка за финансирање на трети страни заинтересирани да придонесат во мисијата на иницијативата. Грант од NLNet[18] ја финансирале работата на Октобус[19] и Твиг [20] што довело до спасување на 250 000 складишта на Меркуријал, исфрлени од Битбакет[21] .

Грант од Фондацијата Алфред П. Слоун финансира експерти за развој на нови конектори за проширување на опфатот на Архивата на софтверското наследство[22]

Награди

уреди

Во 2016 година, Софтверско наследство ја добива наградата за најдобар проект во заедницата на Парискиот самит со отворен извор 2016 година.[23]

Во 2019 година, Софтверското наследство ја добива наградата за академска иницијатива од Pôle Systematic.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Collect, organise, preserve and share the Software Heritage of mankind“ (PDF). Software Heritage. 30 June 2016. Посетено на 26 July 2016.
  2. 2,0 2,1 UNESCO. „Software Heritage“. Посетено на 2 November 2020.
  3. Brown, Paul (30 June 2016). „Software Heritage: Creating a safe haven for software“. Boing Boing. Посетено на 26 July 2016.
  4. Jost, Clémence (1 July 2016). „Open source: lancement de Software Heritage, la plus grande bibliothèque de codes source de la planète“. Archimag. Посетено на 27 July 2016.
  5. 5,0 5,1 Abramatic, Jean-François; Di Cosmo, Roberto; Zacchiroli, Stefano (1 October 2018). „Building the Universal Archive of Source Code Journal Article“. Communications of the ACM. Посетено на 2 November 2020.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Software Heritage Archive“. Посетено на 2 November 2020.
  7. „Software Heritage Persistent Identifiers“. Software Heritage. Посетено на 2 November 2020.
  8. „At ENEA the first institutional mirror of Software Heritage“. ENEA. Архивирано од изворникот на 2020-11-16. Посетено на 2 November 2020.
  9. „FossID establishes first independent mirror of world's larges source code archive“. FossID. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 2 November 2020.
  10. Moody, Lyn (30 June 2016). „Software Heritage, the "Library of Alexandria of software," launches today“. Ars Technica. Посетено на 26 July 2016.
  11. Brogan, Jacob (30 June 2016). „Introducing Software Heritage, the Library of Alexandria for Code“. Slate. Посетено на 26 July 2016.
  12. "Discours de la Directrice générale de l'UNESCO, Irina Bokova, à l'occasion de la signature de l'accord entre l'UNESCO et INRIA portant sur la préservation et le partage du patrimoine logiciel". Соопштение за печат.  посет. 3 ноември 2020 г
  13. „National Plan for Open Science“ (PDF). Ouvrir La Science. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-07-01. Посетено на 2 November 2020.
  14. UNESCO (16 ноември 2020). "Experts call for greater recognition of software source code as heritage for sustainable development". Соопштение за печат.  посет. 2 ноември 2020 г
  15. „Paris Call on software source code as heritage for sustainable development“. Paris: UNESCO. February 2019. Посетено на 2 November 2020.
  16. „GitHub Archive Program“. November 2019. Посетено на 2 November 2020.
  17. „Software Heritage Sponsors“. Посетено на 2 November 2020.
  18. „NLNet Software Heritage grant“. Посетено на 2 November 2020.
  19. „Augmenting Software Heritage archiving capabilities“. Посетено на 2 November 2020.
  20. „Long-term reproducibility with Nix and Software HERITAGE“. Посетено на 2 November 2020.
  21. „Announcing the Mercurial public Bitbucket archive“. Посетено на 2 November 2020.
  22. Sloan Foundation. „Excited to support Software Heritage“. Посетено на 2 November 2020.
  23. „Paris Open Source Summit 2016 : Prix Acteurs du Libre : et les gagnants sont...“. Programmez! (француски). 17 November 2016. Посетено на 28 June 2019.

Надворешни врски

уреди