Софија Лаличиќ
Софија Лаличиќ (р. 1984 година) ― поранешен македонски судија-кривичар во Основниот суд Скопје I.
Кариера
уредиДо 2012 година, Лаличиќ три години работела како стручен соработник во Основниот суд Скопје I, како и во кабинетот кај тогашната претседателка на судот Лидија Неделкова.[1]
Судија
уредиБила именувана за судија кон крајот на 2012 година од страна на Судскиот совет на нејзини 28 години.[1] Медиумите пишувале дека била најмлад именуван судија во историјата на судот, иако имало помлади именувани судии во минатото во Основниот суд Скопје I.[2]
Според новинската агенција „Мета“ како стручен соработник и како судија Лаличиќ има постигнато солидни резултати. Според Судскиот совет за 2013 година таа има добиено оценка „многу добар“, што претставува највисока можна оцена во оценувањето.[3]
Во 2021 година била разрешена од функцијата од страна на Судскиот совет поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Судијката Лаличиќ со имот од над 100 илјади евра“. 2015-03-20. Посетено на 2021-07-05.
- ↑ „За судиите“. Основен суд Скопје I. Посетено на 5 јули 2021.
- ↑ Александра. „Судијката од снимките, Софија Лаличиќ, има оцена „многу добар"“. Посетено на 2021-07-05.
- ↑ Ландов, Кристијан (2021-03-11). „Разрешена судијката Софија Лаличиќ“. МАКФАКС. Посетено на 2021-07-05.