Сончев полупречник

мерна единица во астрономијата
(Пренасочено од Сончев радиус)

Сончеви полупречник или Сончев радиус (симбол: R☉) — единица мерка за растојание со која во астрономијата се изразува големината на една ѕвезда и е еднаква на постојниот полупречник на Сонцето:

Еволуција на сончевиот сјај, полупречник и делотворна температура во споредба со денешното Сонце. По Рибас (2009)[1]
Вредности на Единици
6,955×108 метри
6,955×105[2] километри
0,0046491 ае (AU)
 

Сончевиот полупречник изнесува приближно 695.500 километри, што е еднакво на 110 пати полупречникот на Земјата или 10 пати просечниот полупречник на Јупитер.

Полупречникот по малку се разликува од полот до екваторот поради ротацијата, која предизвикува извесна сплеснатост од 10 делови на милион.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Ribas, Ignasi (August 2009). „The Sun and Stars as the Primary Energy Input in Planetary Atmospheres“ (PDF). Proceedings of the International Astronomical Union. 5 (S264 [Solar and Stellar Variability: Impact on Earth and Planets]): 3–18. arXiv:0911.4872. Bibcode:2010IAUS..264....3R. doi:10.1017/S1743921309992298.
  2. 6,955×105 = 695.500 километри