Соната за кларинет и пијано ин Ес

Сонатата за кларинет и пијано ин Ес е дело на еден од најпознатите реномирани македонски композитори - Благој Цанев. За ова дело тој бил добитник на наградата „11 Октомври“.

Работена во три става со класична формална шема. Основниот музички колорит во сонатата е постигнат со употреба на зголемениот тризвук. Сите три става на делото се тематски поврзани. Првиот став почнува со вовед по кој следува експонирањето на главните мисли - првата и втората, кои меѓусебно се контрастни. Вториот став е триделна песна во која еден фрагмент е изработен канонски, врз основа на втората тема од воведниот став. Третиот, финален став - рондото, започнува со вовед, како и првиот став, а неговата главна тема произлегува од првата музичка мисла на почетниот став, донекаде изменета и презентирана со помали нотни вредности.[1]

Наводи

уреди