Соломон М. Хсианг (англиски: Solomon M. Hsiang) е американски научник и економист кој ја води Лабораторијата за глобална политика. Тој е професор по јавна политика на на Универзитетот во Калифорнија, Беркли . [1] Тој е ко-основач на лабораторијата за влијание на климата [2] и е истражувач на National Geographic. Работата на Хсианг била прикажана во медиумски написи и влијаела врз политиката низ меѓународните и американските федерални институции. [3] [4] [5] [6] [7] [8] [9]

Образование

уреди

Во 2006 година, тој дипломирал Океанска и атмосферска физика, а неговата теза била на тема „Хемијата на озон за време на глобалните глацијации“

Во 2011 година, Хсианг се стекнал со докторат по одржлив развој на Универзитетот Колумбија . Неговата дисертација развила нови методи за интегрирање на науката за климата, економијата и политичките науки. Негови менотри за тезата биле Марк Кејн и Вилијам Бентли Меклеод.

Кариера

уреди

Хсианг се приклучил на факултетот при Универзитетот во Калифорнија, Беркли во 2013 година во Голдмановата школата за јавна политика, каде што бил до 2015 година и бил унапреден во редовен професор во 2018 година. Во Беркли ја основал Лабораторијата за глобална политика, интердисциплинарна истражувачка група фокусирана на користење на науката за податоци за да ги разбере ефектите од глобалните промени во животната средина и меѓународната политика врз економијата, конфликтите, здравството и земјоделството. Во 2019 година бил визитинг професор на Универзитетот Стенфорд .

Хсианг ја коосновал Лабораторијата за влијание на климата со Роберт Коп, Мајкл Гринстоун и Тревор Хаусер, соработка на научници за клима, економисти и експерти за пресметување. Лабораторијата спроведувала истражувања и ги советувала владите и компаниите. [10]

Истражување

уреди

Работата на Хсианг се карактеризира со примена на економетријата и машинското учење на прашања кои ги поврзуваат науката и економијата.

Климатски промени

уреди

Работата на Хсианг за економијата на климатските промени покажа дека високите температури и ураганите го забавиле економскиот раст, [11] [12] [13] [14] вклучително и во САД. [15] Истражувањето на Хсианг покажуваат дека климатските промени би можеле да го намалат економското производство и да ја зголемат економската нееднаквост. [16] Во авторски текст на Њујорк Тајмс од 2017 година, [17] Тревор Хаусер и Хсианг пресметале дека ураганот Марија веројатно уништил 26 години економски развој во Порторико .

Хсианг и неговите соавтори покажале дека климатските промени влијаат на веројатноста за насилство во човечките општества низ целиот свет и низ историјата. [18] [19] [20] Тимот на Хсианг пресметал дека глобалното затоплување ќе го зголеми криминалот и граѓанските конфликти. [21]

Во анализата од 2014 година, Хсианг и коавторите покажале дека долгите периоди на екстремни температури ја зголемуваат миграцијата во Индонезија. [22] Со Адам Собел, тој покажал дека слабите температурни степени во тропските предели може да предизвикаат екстремни миграции дури и во сценарио за затоплување +2C. [23] Тимот на Хсианг ја анализирал ефективноста на мултилатералните политики, како што е укинувањето на мораториумот на ОН за меѓународната трговија со слонова коска, [24] геоинженеринг, [25] и правото на морето. [26]

Награди

уреди

Хсианг ја доби наградата Наука за решенија што ја доделува Американската геофизичка унија за „значителен придонес во примената и употребата на науките за Земјата и вселената за решавање на општествените проблеми“. [27] Во 2014 година, тој бил споменат од магазинот Форбс во нивната листа 30 под 30. Тој бил прогласен за соработник на Кавли на Националната академија на науките во 2016 година, соработник за вештачка интелигенција за иновации на Земјата во корпорацијата Мајкрософт и Националното географско друштво во 2019 година, [28] и соработник на Ендрју Карнеги од страна на корпорацијата Карнеги во 2020 година. Тој бил награден со претседателски медал од Геолошкото друштво на Америка во 2020 година. [29]

Наводи

уреди
  1. „Solomon Hsiang | Faculty & Affiliated Academics | Faculty & Directories | Goldman School of Public Policy | University of California, Berkeley“. gspp.berkeley.edu (англиски). Посетено на 2021-02-19.
  2. „About the Climate Impact Lab“. Climate Impact Lab (англиски). Посетено на 2021-02-19.
  3. Obama, Barack (2017-01-13). „The irreversible momentum of clean energy“. Science (англиски). 355 (6321): 126–129. Bibcode:2017Sci...355..126O. doi:10.1126/science.aam6284. ISSN 0036-8075. PMID 28069665.
  4. USGCRP (2018). „Fourth National Climate Assessment“. nca2018.globalchange.gov (англиски). Посетено на 2021-02-19.
  5. „Macroeconomic and Financial Policies for Climate Change Mitigation: A Review of the Literature“. IMF (англиски). Посетено на 2021-02-19.
  6. „General Insurance Stress Test 2019 Scenario Specification, Guidelines and Instructions“ (PDF). Bank of England.
  7. „Expected Costs of Damage From Hurricane Winds and Storm-Related Flooding“ (PDF). Congressional Budget Office.
  8. „CBO's Projection of the Effect of Climate Change on U.S. Economic Output“ (PDF). Congressional Budget Office.
  9. „The Economics of Climate Change: A First Fed Conference“. Federal Reserve Bank of San Francisco (англиски). Посетено на 2021-02-19.
  10. „Getting physical: assessing climate risks“. BlackRock (англиски). Посетено на 2021-02-19.
  11. Hsiang, Solomon M.; Jina, Amir S. (2014-07-31). „The Causal Effect of Environmental Catastrophe on Long-Run Economic Growth: Evidence From 6,700 Cyclones“ (англиски). Наводот journal бара |journal= (help)
  12. Burke, Marshall; Hsiang, Solomon M.; Miguel, Edward (November 2015). „Global non-linear effect of temperature on economic production“. Nature (англиски). 527 (7577): 235–239. Bibcode:2015Natur.527..235B. doi:10.1038/nature15725. ISSN 1476-4687. PMID 26503051.
  13. Carleton, Tamma A.; Hsiang, Solomon M. (2016-09-09). „Social and economic impacts of climate“. Science (англиски). 353 (6304): aad9837. doi:10.1126/science.aad9837. ISSN 0036-8075. PMID 27609899.
  14. Hsiang, Solomon; Kopp, Robert; Jina, Amir; Rising, James; Delgado, Michael; Mohan, Shashank; Rasmussen, D. J.; Muir-Wood, Robert; Wilson, Paul (2017-06-30). „Estimating economic damage from climate change in the United States“. Science (англиски). 356 (6345): 1362–1369. Bibcode:2017Sci...356.1362H. doi:10.1126/science.aal4369. ISSN 0036-8075. PMID 28663496.
  15. Deryugina, Tatyana; Hsiang, Solomon M. (2014-12-15). „Does the Environment Still Matter? Daily Temperature and Income in the United States“ (англиски). Наводот journal бара |journal= (help)
  16. Plumer, Brad; Popovich, Nadja (2017-06-29). „As Climate Changes, Southern States Will Suffer More Than Others“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-02-19.
  17. Hsiang, Solomon; Houser, Trevor (2017-09-29). „Opinion | Don't Let Puerto Rico Fall Into an Economic Abyss (Published 2017)“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-02-19.
  18. Hsiang, Solomon M. (2010-08-31). „Temperatures and cyclones strongly associated with economic production in the Caribbean and Central America“. Proceedings of the National Academy of Sciences (англиски). 107 (35): 15367–15372. Bibcode:2010PNAS..10715367H. doi:10.1073/pnas.1009510107. ISSN 0027-8424. PMC 2932627. PMID 20713696.
  19. Hsiang, Solomon M.; Burke, Marshall; Miguel, Edward (2013-09-13). „Quantifying the Influence of Climate on Human Conflict“. Science (англиски). 341 (6151). doi:10.1126/science.1235367. ISSN 0036-8075. PMID 24031020.
  20. Hsiang, Solomon M.; Meng, Kyle C.; Cane, Mark A. (August 2011). „Civil conflicts are associated with the global climate“. Nature (англиски). 476 (7361): 438–441. Bibcode:2011Natur.476..438H. doi:10.1038/nature10311. ISSN 1476-4687. PMID 21866157.
  21. Wallace-Wells, David (2017-07-14). „The Uninhabitable Earth, Annotated Edition“. Intelligencer (англиски). Посетено на 2021-02-19.
  22. Bohra-Mishra, Pratikshya; Oppenheimer, Michael; Hsiang, Solomon M. (2014-07-08). „Nonlinear permanent migration response to climatic variations but minimal response to disasters“. Proceedings of the National Academy of Sciences (англиски). 111 (27): 9780–9785. Bibcode:2014PNAS..111.9780B. doi:10.1073/pnas.1317166111. ISSN 0027-8424. PMC 4103331. PMID 24958887.
  23. Hsiang, Solomon M.; Sobel, Adam H. (2016-06-09). „Potentially Extreme Population Displacement and Concentration in the Tropics Under Non-Extreme Warming“. Scientific Reports (англиски). 6 (1): 25697. Bibcode:2016NatSR...625697H. doi:10.1038/srep25697. ISSN 2045-2322. PMC 4900031. PMID 27278823.
  24. Hsiang, Solomon; Sekar, Nitin (2016-06-13). „Does Legalization Reduce Black Market Activity? Evidence from a Global Ivory Experiment and Elephant Poaching Data“ (англиски). Наводот journal бара |journal= (help)
  25. Proctor, Jonathan; Hsiang, Solomon; Burney, Jennifer; Burke, Marshall; Schlenker, Wolfram (August 2018). „Estimating global agricultural effects of geoengineering using volcanic eruptions“. Nature (англиски). 560 (7719): 480–483. Bibcode:2018Natur.560..480P. doi:10.1038/s41586-018-0417-3. ISSN 1476-4687. PMID 30089909.
  26. Englander, Gabriel (October 2019). „Property rights and the protection of global marine resources“. Nature Sustainability (англиски). 2 (10): 981–987. doi:10.1038/s41893-019-0389-9. ISSN 2398-9629.
  27. „Solomon Hsiang“. Honors Program (англиски). Посетено на 2021-02-19.
  28. „Eleven Changemakers Chosen as Recipients of Microsoft and National Geographic AI for Earth Innovation Grants: New grant offers awards of more than $1.2 million to advance uses of artificial intelligence in scientific exploration and research on critical environmental challenges“. National Geographic Society Newsroom (англиски). 2018-12-11. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 2021-02-19.
  29. „GSA News Release 20-21“. www.geosociety.org. Посетено на 2021-02-19.