Соколски манастир

Соколски манастир, Габровски манастир или Габровско-Соколски манастирманастир на Бугарската православна црква основна во 1833 година, а името го носи по својот основач Јосиф Соколски.[1] Манастирот е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Се наоѓа 15 км југозападно од Габрово на северните падини на Стара Планина во паркот на природата во близина на Соколска Пештера.

Соколски манастир
Соколски манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеСоколски манастир
Други имињаГабровски манастир, Габровско-Соколски манастир
Манастир на:Бугарска православна црква
Основан1833 година
Посветен наУспение на Пресвета Богородица
Личности
Место
Местово близина на Габрово,  Бугарија
Двориштето со фонтаната

Првичната, мала дрвена црква била изградена во 1833 година, а фреските биле завршени година дена подоцна. Христо Цокев, уметник од Габрово, на црквата ѝ донирал икона која ги претставува Богородица и Христос и која се смета за чудесна. Во 1862 година, отецот Паул Зограф и неговиот син од селото Шипка ја фрескоживописале црквата.

Манастирот има голем двор опкружен со станбени и комунални објекти. Во центарот на дворот, во 1865 година мајсторот Никола Фичев изградил голема камена фонтана со осум славини. Манастирот е изграден за време на бугарската национална преродба со огромна поддршка на месните жители на Габрово и блиските села.

Манастирот имал важна улога во Априлското востание во Бугарија. Во овој манастир, водачот на востанието Цанко Дустабанов собрал група доброволци за борба против Турците. Во краток период за време на Руско-турската војна 1877—1878, манастирот бил болница.

Во 1973 година манастирот е прогласен за историска локација на Бугарија.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.bulgariamonasteries.com/sokolski_manastir.html |статија: Соколски манастир „Успение Богородично“, јазик: бугарски