Конгрес на Република Перу

(Пренасочено од Собрание на Перу)

12°02′53″S 77°01′30″W / 12.04806° ЈГШ; 77.02500° ЗГД / -12.04806; -77.02500

Конгрес на Републиката

Congreso de la República
период 2016-2021
Coat of arms or logo
Тип
Тип
Основан20 септември 1822
(Конститутивен конгрес)
26 јули 1995
(сегашен конгрес)
Водство
Претседател на Конгресот
1 потпретседател
2 потпретседател
3 потпретседател
Состав
Места130
Политички групи
Влада (15)

     ПЗП (15)

Опозиција (115)
     НС (62)
     независни (15)
     ШФ (10)
     НП (10)
     АЗН (8)
     НА (5)

     АНРА (5)
ПлатаS/187,200 годишно
Избори
пропорционално претставништво
со 5%[1] изборен праг
Последни избори
10 април 2016
Зборно место
Законодавна палата
Плаза Боливар, Лима, Перу
Мрежно место
congreso.gob.pe

Конгресот на Република Перу (шпански: Congreso de la República) е еднодомниот парламент и законодавното тело на Република Перу. Конгресот е составен од 130 членови, конгресмени (congresistas), кои се избрани прекку избори за мандат од пет години.

Моментално перуанските конгресмени се сретнуваат во Законодавната палата, зграда која се наоѓа во историскиот центар на Лима, наспроти „Плаза Симон Боливар“, односно плоштадот „Симон Боливар“. Актуелниот состав на конгресот е избран на изборите во 2016 година и претседател на конгресот е Даниел Салавери, од политиката партија Народна сила.

Регулатива

уреди

Според членот 90 од уставот на Републиката, за да се кандидира еден политичар за конгресмен треба да ги исполнува еден од трите критериуми:

  • да е роден во Перу
  • да има најмалку 25 години
  • да има право на глас[2]

Кандидатите за претседател не може во исто време да се кандидираат за конгресмени, а потпретседателите можат. Дополнително, член 91 од уставот тврди дека владини функционери од висок ранг, воени лица и полициски службеници може да бидат конгресмени само 6 месеци откако ќе ги напуштат функциите.[2]

Конгресмените се избрани за мандат од пет години и може неограночено да бидат реизбрани, но ова е ретко. Парламентарните и претседателските избори се одвиваат заедно во државата. Изборите се одвиваат во април.

Надлежности

уреди

Во членот 102 од уставот на Перу се наведени десет надлежности на конгресот. Овие надлежности се однесуваат и на законодавната функција на конгресот, но и можноста да проверува и балансира со друите гранки на власта:[2]

  1. да донесува закони и законодавни резолуции, како и да толкува, дава амандмани и повлекува постоечки закони
  2. до се грижи за почитување на уставот и законите, и да направи што и да треба за да преземат одговорност прекршувачите
  3. да склучува договори, во согласност со уставот
  4. да го донесува буџетот и општата сметка
  5. да одобрува позајмици, во согласност со уставот
  6. да ги применува правото на амнестија
  7. да одобрува територијална демаркација предложена од извршната власт
  8. да дава согласност за влегување на странски трупи во државата, кога не влијае, на кој било начин, врз суверенитетот
  9. да дава дозвола на претседателот на Перу да ја напушта државата
  10. да извршува должности предвидени со уставот и тие наследени од легислативната функција.

Состав на Конгресот 2016-2021

уреди

На изборите во 2016 се добил следниов состав на конгресот:[3]

 
партија конгресмени
Народна сила 62
Перуанците за промена 15
Независни 15
Широк Фронт 10
Ново Перу 10
Алијанса за напредок на Перу 9
Народна Алијанса 5
Народна Акција 5
Извор: ONPE

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. https://perureports.com/2016/03/31/perus-small-political-parties-scramble-survive/
  2. 2,0 2,1 2,2 „Peru's Constitution of 1993 with Amendments through 2009“ (PDF). constituteproject.org. Constitute. Посетено на 3 June 2018.
  3. „ELECTION FOR CONGRESO DE LA REPÚBLICA 2016“. Посетено на 1 June 2016.

Надворешни врски

уреди