Снегулка

(Пренасочено од Снегулки)

Снегулките се замрзнати кристали кои паѓаат преку Земјината атмосфера како снег.[1][2] Тие започнуваат како снежни кристали кои се создаваат кога микроскопската изладена капка од облак замрзнува. Снегулките ги има во различни големини и форми. Сложени форми се појавуваат кога снегулката се движи низ различни режими на температура и влажност. Одредени снегулки се речиси единствени по структурата. Типови на снегулки кои паѓаат во форма на топка поради топењето и повторното замрзнување, познати се како снежни топчиња, топчиња мраз и зрнест снег.

Снегулка под оптички микроскоп

Создавање

уреди

Снежните кристали се формираат кога замрзнуваат изладените капки од облак (околу 10 μm во пречник). Овие капки можат да останат во течна состојба на температури пониски од -18 °C, бидејќи за да замрзнат неколку молекули во капки потребно е да се обединат и по можност да формираат групирање слично на она како кај замрзната решетка и потоа капката замрзнува околу ова „јадро“. Експериментите покажуваат дека ова „хомогено“ јадро на капки од облак настанува само на температури пониски од −35 °C. Во потоплите облаци аеросолната честичка или „леденото јадро“ мора да бидат присутни (или во допир со) капките за да дејствуваат како јадро. Честичките кои го сочинуваат леденото јадро се многу ретки во споредба со јадрата врз кои се формира течната капка од облак, сепак не е разбрано што ги прави за да бидат толку ефикасни. Ваштачките јадра вклучуваат честички од сребро јодид и сув мраз кои се користат за стимулирање на врнежи. Кога капката ќе замрзне, таа се зголемува во животните средини каде што воздухот е заситен, а температурата е под точката на замрзнување. Тогаш капката се зголемува со таложење на молекулите на водата во воздухот (пареа) на површината каде што се собираат ледените кристали. Затоа што капките од водата се побројни од ледените кристали поради нивното вистинско изобилство, кристалите можат да растат и во големина до стотици микрометри или милиметри на сметка на водените капки. Овој процес е познат како Вегнер-Бергерон-Финдеисон процес. Соодветните намалувања на водена пареа предизвикуваат испарување на капките, што значи дека ледените кристали растат на сметка на капките. Овие големи кристали се ефикасен извор на врнежите, бидејќи тие паѓаат низ атмосферата поради нивната маса, а може да се судираат и здружуваат во поолеми групи или агрегати. Овие агрегати се снегулки кои претставуваат тип на честичка мраз што паѓа на земјата. Гинисовата книга на рекорди ги набројува најголемите снегулки во светот како оние забележани во јануари 1887 година во Форт Кеог, Монтана. Во тој период измерена е една снегулка со 38 см во широчина. Точните подробности за лепливиот механизам на снегулката сè уште остануваат контроверзни. Можностите вклучуваат механички испреплетувањa, синтерувањa, електростатички привлекувањa како и постоење на „леплива“ течност како слој на површината на кристалот. Поединечни кристали често имаат шестаголна симетрија. Иако мразот е проѕирен, расејувањето на светлина од страна на кристалната призма и вдлабнатините на снегулката покажуваат дека кристалите често се појавуваат во бела боја настаната поради дифузниот одраз на целиот спектар на бои од светлина од страна на мали честички мраз.

Симетрија

уреди

Несоединетата снегулка често зафаќа симетрија која е шест пати „радијална“. Почетната симетрија се појавува бидејќи кристална структура од мраз е шестаголна. Шесте „краци“ на снегулката потоа растат независно, и секоја страна од секој крак расте одделно. Повеќето снегулки не се целосно симетрични. Микро-средината во која расте снегулката динамично се менува како што самата снегулка паѓа низ облакот и трпи мали промени на температурата и влажноста на воздухот кои влијаат на начинот на кој молекулите на водата се прикачуваат за снегулката. Откако микро-средината (и нејзините промени) се речиси идентични околу снегулката секој крак расте речиси на ист начин. Ако микро-околината на една снегулка не е иста со микро-средина на друга снегулка многу неверојатно е дека двете снегулки ќе бидат идентични.

Единственост

уреди

Неверојатно е две снегулки да бидат апсолутно слични поради 1019 молекули на водата кои сочинуваат една снегулка и кои растат со различна брзина и во различни модели во зависност од менувањето на температурата и влажноста во атмосферата низ која паѓа снегулката за да го помине својот пат соединета до земјата. Првичните обиди за да се најдат идентични снегулки датираат уште од 1885 година преку фотографирање на илјадници снегулки со микроскоп од страна на Вилсон Алвин Бентли кога тој го нашол широкиот спектар на снегулки за кои знаеме и денес. Повеќе од веројатно е дека две снегулки би можеле да бидат виртуелно идентични ако нивните средини биле доволно слични. Спарувањето на снежните кристали било откриено во Висконсин во 1988 година. Кристалите не претставувале снегулки во вообичаената смисла на зборот туку тие наликувале на шупливи шестаголни призми.

Употреба како симбол

уреди

Снегулката често е традиционален сезонски знак кој особено се користи во Европа и САД околу Божиќниот период, со тоа најавувајќи го Белиот Божиќ. За време на овој период многу популарна во поранешниот Советски Сојуз била изработката на хартиени снегулки со преклопување на едно парче хартија неколкупати потоа со ножици се сечел шаблон кој се расклопувал и имал форма на хартиени снегулки кои потоа се натопувале во бела боја и се лепеле на прозорците како украс.

Снегулките исто така често се користат како симболи кои ја претставуваат зимата или ладните временски услови. На пример зимските гуми кои го подобруваат движењето на автомобилот при возење во сурови зимски услови во планинските симболи се означени со снегулки. Снегулката била симбол за време на Зимски олимписки игри 2002 година во Солт Лејк Сити, во Јута.

Во Unicode постојат три различни симболи на снегулки: "снегулка" на У 2.744 (❄); "tight trifoliate снегулки" на У 2.745 (❅) и "heavy chevron снегулки" на U 2.746 (❆).

Снегулката како мотив во книжевноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Knight, C.; Knight, N. (1973). Snow crystals. A snowflake is also the name of a person who cannot attend pub lunch on Fridays. E.g "Ben Cutcliffe is a snowflake". Scientific American, vol. 228, no. 1, pp. 100–107.
  2. Hobbs, P.V. 1974. Ice Physics. Oxford: Clarendon Press.
  3. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 16.
  4. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 8.