Смртта на господинот Голужа (филм)

„Смртта на господинот Голужа“ (српски: Смрт господина Голуже) — филм на режисерот Живко Николиќ од 1982 година. Филмот е заснован врз истоимената новела на Бранимир Шќепановиќ. Главната улога ја игра Љубиша Самарџиќ, а покрај него, во филмот настапуваат и Савина Гершак, Боро Беговиќ и Весна Пеќанац.[1]

Синопсис

уреди

Осамениот господин Голужа првпат во животот заминува на море. Патем, него го ограбуваат и тој е принуден да преспие во еден хотел. Во малото гратче владеат интригите, зависта и омразата, а неговото доаѓање предизвикува љубопитност и различни претпоставки. Притиснат од прашањата на мештаните, тој случајно изјавува дека го избрал нивниот град за во него да изврши самоубиство. Жителите на градот се воодушевени од неговата одлука и прават сè да му ги разубават последните денови. Тој ужива во покажаното гостопримство и стекнува самодоверба, но не сфаќа дека станал жртва на сплетките на таа расипана средина. Опијанет од популарноста, господинот Голужа тоне сè подлабоко во лаги. На крајот, кога ќе доживее голема љубов, тој не може повеќе да се спротивстави ниту на себеси ниту на околината.

Наводи

уреди