Смртна казна во Азербејџан
Смртната казна во Азербејџан била укината во 1998 година. Последната егзекуција била извршена во 1993 година со метод на еден истрел од огнено оружје. Протоколот бр.6 на ЕКЧП стапил на сила во оваа земја на 25 јануари 2001 година и смртната казна била заменета со доживотен затвор.[1]