Смиља Митревска (р. 1960 во Скопје) — македонска пејачка на народни песни. Позната е по песните „Дај ми надеж“ со која победила на Цветници 1992, „Моминска клетва“ од Цветници 1993 и „Пусти ти биле меаните Иле" од Фолк Фест Филиграни 1994 година. Во 80-тите години, била член на познатата група "Тавче гравче", каде ја формираат заедно со Драган Вучиќ. Во 2013 година, после по долга пауза настапува на Цветници со песната „Моето срце таму остана". Живее во Барселона, Шпанија, веќе долги години.[1]

Во 2024 година, на фестивалот Фолк Фест Роса добива награда за животно дело.[2]

Наводи

уреди
  1. „НАСЕЛБА ДЕКСИОН“. Вечер. 5 септември 2006. Архивирано од изворникот на 2013-06-03. Посетено на 2011-06-17.
  2. "Роса Фест" им додели награди за животно дело за Огнен Неделковски, Смиља Митревска и Мирче Кикиритков“. Женски магазин. 27.11.2024. Посетено на 2 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди