Службен пасош ("Passeport de service") согласно Законот за патните исправи на Македонија се издава на вработените во конзуларните или дипломатските претставништва на Македонија, кои вршат службените државни работи и функции во странството или во меѓународната организација. Службен пасош, по правило, се издава само на државни службеници кои вршат работа во интерес на своја држава во земја-приемник. Носител на овој вид пасош поседува целосната покриеност со службените имунитети и привилегии, како државни службеници исклучиво при патување во странство и само во врска со службена дејност за која е потребно лицето да има нужни имунитет и привилегии за самостојно и независно вршење нивната дејност, во однос на држава која прима ваквото службено лице. Носителите на службени пасоши, по правило, ги имаат сите имунитети и привилегии дефинирани со Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година. Ова го вклучува имунитетот од граѓанска и управната јурисдикција во државата вокоја се испратени, како и сите даночни и финансиски или царински олеснувања со цел независно извршување на своите должности во интерес на државата испраќач. Носител на овој вид пасош не поседува обврска за пријавување и сите други граѓански обврски врзани за имиграција и живеалиште. Во споредба со Службен пасош и статус, дипломатски пасош подрзбира целосна кривично-правна и друга заштита за лицето акредитирано како дипломатскиот претставник во државата и таквото лице е покриено со целосен имунитет непрекидно и континуирано, во секој момент независно дали моментално врши работа или не. Носител на правото на користење на дипломатски или службен пасош е носител на јавна функција, повисок државен службеник-советник и работник на посебните задачи во државните органи, а согласно Законот за патните исправи на државјаните на Македонија и посебен правилник на Влада или МНР. Дипломатскиот и службениот пасош е важечки кога во него е втисната важечка дипломатска, односно службена виза.

Службен пасош на САД
Службени пасош на Руска Федерација
Службен пасош на Република Србија

Службениот пасош го издава Министерството за надворешни работи, во согласност со прописите или согласно со правилник на Влада[1], и во согласност со меѓународното право со кое се регулираат статус и обем на службените имунитети и привилегии.

Службен пасош може да се издаде и на член на потесното семејство (на лице во сродство со службен статус), но само ако живее со него/неа во заедничко домаќинство и престојува во странство каде истиот е акредитиран. За член на потесното семејство во оваа смисла се смета брачен другар или дете/деца. Носители на службени пасоши предвидени со Правилникот во случај на службено патување или служба во странство се, според Македонскиот правилник: - Државни советници во државните органи на влада (освем во МНР), но само при службено патување во странствто; - Раководни работници со посебни овластувања во државните органи (само при службено патување во странство); - Раководител на сектор за меѓународна соработка со странство, помошник раководител на сектор за меѓународна соработка, раководител на одделение за меѓународна соработка во државните органи (само при службено патување во странство); - Државни службеници во Министерството за надворешни работи кои немаат дипломатски статус (ниво под втор секретар). - други лица за кои постои проценка дека им треба посебна заштита при вршење работи во странство. Во пракса, сите конзулрани лица освем Конзулот или Генералниот конзул поседуваат службен пасош. Општо правило е да во дипломатски претставништва (амбасади и мисији при меѓународните организации)сите лица пониски од нивото на аташе поседуваат службен пасош. Во државите кои немаат фукционери/дипломати од типот аташе, како Македонија (со исклучок на воен аташе), сите службени лица под ниво на втор секретар поседуваат службен статус, те. службен пасош. Во Македонксата практика, дипломатскиот пасош се дава и на функционери од нивото на конзул. Сите раководители на Дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) се покриени со дипломатскиот статус. Во ООН и системот на ОН лица со службен (официјален), а не дипломатски статус имаат лица P1, P2, P3, P4, односно лица под нивото на P5. Лица од P5 и над овој ниво (D1, D2, USG, UNSG (те. Генералниот секретар на ООН)) поседуваат дипломатскиот статус. [2]

Литература уреди

  • Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013.

Наводи и белешки уреди

  1. Види повеќе Правилник за постоапката за издавање на дипломатски и службени пасоши и визи и за листата на носители на дипломатски и службени пасоши [1]
  2. Професионалните службеници ниво P2, P3, P4, као и дипломатски службеници ниво P5 и D1 (директорите на оделениа) добивват синиот Laissez-Passer (при што за категориите P5 и D1 се признава дипломатски статус), а само највисоките функционери од нивото D2 (директори на департманите на УН-а или Замениците Генерални Директори на Агенциите на ОН (DDG)) и највисоките дипломати-функционери на ОН добиваат дипломатски црвен Laissez-Passer (нивои: Помошник Генералниот Секретар на ОН, Генералниот Подсекретар на ОН (USG) и Заменик Генералниот Секретар на УН (DSG). Црвениот Laissez-Passer добива Генералниот Секретар на ОН, како и Генералните директори на Специјализираните Агенции во системот ОН и Генералниот директор на Меѓународна агенција за атомска енергија. Покрај овие наведени лица, црвениот (дипломатски) Laissez-Passer добива и Претседателот на Меѓународниот суд за правда во Хаг (статусот изедначен со нивото D2). Другите лица во Меѓународниот суд за правда (МСП) поседуваат синиот Laissez-Passer на ОН (који може да издава МСП) на чиа корицата, покрај "Laissez-Passer" на ОН е наведено и името на Судот (те. "International Court of Justice").Според поновата пракса, и на судиите на МСП се издава црвениот "Laissez-Passer" со целосен обем на дипломатските имунитети.