Дипломатски пасош
Дипломатски пасош — посебна патна исправа која се издава на државните претставници и други лица со дипломатски статус, со цел истите да го докажат и заштитат својот дипломатски статус, дефиниран според правилата на меѓународното право. Носителот на дипломатскиот пасош има целосен дипломатски имунитет во државата во која ги врши своите дипломатски функции или во која службено претстојува. Статусот на лицето со ваков документ при неслужбен престој во трети земји се регулира со домашното право и пракса. Покрај членовите на дипломатскиот кор, нивините члнови на придружното семејство во државата на акредитацијата исто така поседуваат дипломатскиот пасош и ако е предвидено со домашното законодавство и посебните лични карти кои се издаваат за лица со дипломатскиот статус (т.е. дипломатски лични карти).
Во Република Македонија, исто како и во најголем број други држави, со посебен Правилник за издавање на дипломатските и службените патни исправи е регулирано кои лица имаат право да поседуваат дипломатски пасош. Според сегашниот правилник, покрај вработените во Министерството за надворешни работи со статусот (од аташе и секретар до советник и амбасадор), предвидено е ваков пасош да поседуваат и Претседателот на Република Македонија, и Премиерот на Република Македонија, вклучувајќи ги и нивинте лични советници, потоа министрите во Влада на Република Македонија, како и Претседателот на Собранието на Република Македонија и претседателите на Уставниот и Врховниот суд, и Државниот јавен обвинител на Република Македонија. Потоа, Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, директорите на безбедосните служби на Република Македонија и Директорот на Агенцијата за разузнавање. Натаму, министерот за надворешни работи на Република Македонија има дискреционо право да издаде дипломатски пасош и на такви лица чие функционирање во странство е од посебен интерес за Република Македонија.
Сличен вид патна исправа е и службениот пасош. Ваков пасош се издава на конзули или пониски службеници кои се дел од Министерството за надворешни работи кога тие се во службен претстој во странство. Како пример, во ова категорија се конзуларни агенти, административен и технички персонал во дипломатско-конзуларни претставништва, курири и лица за обезбедување.
Дипломатите на Обединетите нации и специјализираните агенции на Обединетите нации поседуваат посебен вид на дипломатски пасош на ОН United Nations Laissez-Passer. Таквата патна исправа се издава согласно на член VII од Општата конвенција за привилегии и имунитети на Обединетите нации, од 1946 г. Во овој документ е децидно формулирано дека дипломатскиот статус и користењето на дипломатските привилегии и имунитети е во функција на вршење должности и задачи на мегународната организација.
Сличен вид патна исправа е и службен пасош. Службениот имунитет и службени привилегии се регулирани според Конвенцијата за конзуларните односи од 1963 година.
Во системот на Обединетите нации, службениот пасош на Обединетите нации (United Nations Laissez-Passer) се разликува од дипломатскиот пасош на Обединетите нации United Nations Laissez-Passer по делумно редуцираниот обем на имунитетите и привилегиите (пред се функционално, зависно од работата на службено лице). Меѓу другото службениот пасош на Обединетите нации се употребува само при службени патувања и за строго службените намени на функционерите, експертите и административен и повисок техничкиот персонал на меѓународната организација. Според обемот на имунитетите и привилегиите службениот пасош на Обединетите нации (во сина боја) речиси не се разликува од дипломатскиот пасош на ООН (во црвена боја) односно во практиката единствена битна разлика е во функционалноста при вршење дејностите, односно црвениот пасош на ООН има асполутно и континуирано дејство во сите ситуации, независно дали лицето е на работа, врши работа или е вон работни обврски.
Службениот пасош на Обединетите нации (United Nations Laissez-Passer) дава целосна дипломатска покриеност на инспекторите на Меѓународна агенција за атомска енергија кога на пример вршат инспекција на нуклераните центри/фабрики за кои се сомнева дека произведуваат нелегален јадрен материјал (пример во Ирак и сл.), така што носители на Пасошот на ОН поседуваат целосен дипломатски имунитет (апсолутна дипломатска покриеност) при вршење на нивната работа и при претстојот во државата која е предмет на инспекција.
Пасошите на ОН (синиот и црвениот) имаат дејство на теориториите на сите држави-членки на ООН.[1]
Литература
уреди- Игор Јанев, Вовед во дипломатија, АГМ, 2015, ISBN 978-86-86363-64-0
- Види Правилник за постоапката за издавање на дипломатски и службени пасоши и визи и за листата на носители на дипломатски и службени пасоши [1]
- Види Правилата Guide to Issuance of UN Travel за ООН Пасоши [2]
Белешка
уреди- ↑ Професионалните службеници ниво P2, P3, P4, као и дипломатски службеници ниво P5 и D1 (директорите на оделениа) добивват синиот Laissez-Passer (при што за категориите P5 и D1 се признава дипломатски статус), а само највисоките функционери од нивото D2 (директори на департманите на УН-а или Замениците Генерални Директори на Агенциите на ОН (DDG)) и највисоките дипломати-функционери на ОН добиваат дипломатски црвен Laissez-Passer (нивои: Помошник Генералниот Секретар на ОН, Генералниот Подсекретар на ОН (USG) и Заменик Генералниот Секретар на УН (DSG). Црвениот Laissez-Passer добива Генералниот Секретар на ОН, како и Генералните директори на Специјализираните Агенции во системот ОН.