Скршени парчиња (ТВ серија)
Скршени парчиња (турски: Paramparça) е турска телевизиска серија која започна со емитување на 1 Декември 2014 година на турскиот канал Star TV. Ова е прва турска серија во продукција на Ендемол. Скршени парчиња е приказна за тежок избор, тешки одлуки, испреплетени животи и родители кои се растргнати помеѓу нивните деца и нивните срца.
Paramparça Скршени парчиња | |
---|---|
Напишана од | Јилдиз Тунџ |
Режирана од | Џевдет Мерџан |
Улоги | Нурѓул Јешилчај Еркан Петеккаја Ебру Озкан Алина Боз Лејла Танлар |
Земја на потекло | Турција |
Првичен јазик | Турски |
Бр. на сезони | 1 |
Бр. на епизоди | 20+ |
Производство | |
Продуцент(и) | Озлем Јуртсевер |
Местоположба | Истанбул |
Времетраење | Турција 90-120 мин. |
Продукциска куќа | Ендемол Турција |
Прикажување | |
Првична мрежа | Турција Star TV |
Првично прикажување | Турција 01 Декември, 2014 – сè уште трае |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | paramparca.com.tr |
Продукциска мрежна страница | site.endemol.com.tr |
Синопсис
уредиЖивотите на двајца луѓе од различно потекло се пресекуваат со една несреќа. Ѓулсерен, која е млада и убава жена и која живее во сиромашна населба во Истанбул, доживува сообраќајна несреќа и веднаш е пренесена во болница да се пораѓа. Во меѓувреме, Дилара, која припаѓа на богато семејство, се пораѓа во истата болница, истиот ден. После нивното породување, бебињата по грешка се заменуваат и се даваат на погрешни родители: бебето на Ѓулсерен се дава на Дилара, а бебето на Дилара се дава на Ѓулсерен.
Дејството во серијата се префрла 15 години подоцна. Ѓулсерен живее заедно со нејзината ќерка Хазал и се обидува да го стори најдоброто за неа откако нејзиниот сопруг ја напушта. Таа работи како продавачка во една мала продавница. Во меѓувреме, Дилара живее со нејзината ќерка Џансу. Таа има богат живот но и некои проблеми со нејзиниот сопруг Џихан.
Уште една сообраќајна несреќа ги спојува овие луѓе. Џансу прави сообраќајна несреќа и се повредува. После оваа несреќа, нејзините родители дознаваат дека тие не се нејзини биолошки родители. Овој факт ќе направи голем пресврт во нивниот живот. Џансу е порасната во богато семејство и ужива богат живот, додека Хазал е порасната во сиромашно семејство и посакува да има богат живот. Но кога вистината ќе се открие, целосно ќе се промени судбината на сите нив.
Распоред на емитување
уредиВо Турција
уредиСезона | Термин | Почеток на сезоната | Крај на сезоната | Број на епизоди | Опсег на епизоди | ТВ сезона | ТВ канал | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Понеделник 20.30 | 01 Декември, 2014 | Јуни, 2015 | - | 1 - 28 | 2014-2015 | Star TV | 2. | Понеделник 20.00 | 14 сентябрь, 2015 | Јуни, 2016 | - | 2014-2015 | Star TV |
Улоги
уредиГлумец | Улога | Сезона |
---|---|---|
Нурѓул Јешилчај | Ѓулсерен | 1– |
Еркан Петеккаја | Џихан | 1– |
Ебру Озкан | Дилара | 1– |
Алина Боз | Хазал | 1– |
Лејла Танлар | Џансу | 1– |
Нурсел Ќосе | Кериман | 1– |
Џемал Хунал | Алпер | 1– |
Толга Текин | Озкан | 1– |
Ѓунеш Емир | Солмаз | 1– |
Бурак Тозкопаран | Озан | 1– |
Џиван Џанова | Рахми | 1– |
Елвин Ајдоѓду | Дерја | 1– |
Аслихан Капаншахин | Шејда | 1– |
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 25 декември 2015 г.
- Официјална фејсбук страна
- Официјален јутјуб канал