Скржавец (Молиер)
Скржавец — комедија на Молиер во пет чина и во проза, адаптирана од Скржавецот (Aulularia) од Плавт[1] и претставена за прв пат на сцената на Пале ројал на 9 септември 1668 година[2]. Станува збор за комедија чиј главен лик, Арпагон, се одликува со неговата карикатурна среброљубивост. Арпагон се обидува насила да ја омажи својата ќерка, додека тврдоглаво заштитува ковчеже полна со злато. Петте чина содржат соодветно пет, пет, девет, седум и шест сцени.
„Скржавец L'Avare“ | |
---|---|
Автор | Молиер |
Ликови |
|
Место на премиера | Париз |
Изворен јазик | француски |
Тематика | скржавост |
Жанр | комедија |
Место | Париз, во куќата на Арпагон |
Резиме
уреди- Чин I - Дејството се одвива во Париз. Арпагон е буржуј, богат и скржав. Има две деца: Елиза која е вљубена во Валер, син на неаполски благородник во служба на неговиот татко како управител, и Клеант кој сака да се ожени со Маријана, млада жена која живее со својата сиромашна мајка. Не може да поднесе среброљубието на татко му да му ги попречи неговите романтични планови. Арпагон е преплашен од прогонувачки страв: во градината има сокриено ковчег со десет илјади златни круни, се плаши да не го откријат и украдат. Сомничав, тој никому не му верува, дури и на своите деца, оди дотаму што го отпушта Ла Флеш, слугата на Клеант. Конечно, тој им ги открива своите намери: ќе се ожени со Маријана, Елиза ѝ е ветена (без придонес од мираз) на Анселме, стар господин, а Клеант ѝ е ветен на една вдовица. Младата девојка енергично одбива, нејзиниот татко бара Валер да ја убеди. Валер е лукав и го измамува Арпагон со лукавство во невидлива мрежа.
- Чин II - На Клеант, кој не може да смета на својот татко, му требаат пари: петнаесет илјади франци. Ла Флеш, неговиот слуга, е задолжен да му најде заемодавач, посредник го информира за условите што се чисто најгрозоморно лихварство. Револтиран, тој на крајот открива дека заемодавач не е никој друг туку неговиот татко; почнуваат жестока расправија. На сцена стапува измамничката Фросина, таа го убедува Арпагон дека Маријана е жена која претпочита постари мажи и дека би била подготвена да се омажи за него. Арпагон е изнервиран што младата жена не е богата, но Фросина го убедува дека сиромашен човек кој не е трошаџија може само да му одговара. Интригантката сака да биде платена за нејзините услуги, но Арпагон ја избегнува и си заминува.
- Чин III - По повод потпишувањето на брачниот договор, Aрпагон ја покани Маријана на вечера. Тој им држи предавања на своите слуги, а особено на готвачот Жак, дека трошоците се ограничени. Готвачот протестира, Валер го поддржува скржавецот и се залага за штедливост; следува жестока расправија при која готвачот Жак бил добил добри удари со стап и оттогаш мислел само на одмазда. Пристигнува Фросина која ја внесува Маријана во куќата, нервозна од идејата да се сретне со нејзиниот иден сопруг. Кога се појавува тој, таа се згрозува од неговиот изглед, токму во овој момент пристигнува Клеант, го препознава младиот човек кој е предмет на нејзините мисли. Помеѓу вљубените започнува разговор во кој со прикриени зборови ги признаваат своите заемни чувства. Клеант вади вреден прстен од прстот на својот татко и го нуди во свое име на саканата. Арпагон не ја разбра ситуацијата.
- Чин IV - Двајцата млади љубовници бараат од Фросина да интервенира кај синобрадиот за да се откаже од својот бесмислен брак. Арпагон го изненади својот син како ја бакнува раката на Маријана, и веднаш му се јавуваат сомнежи во кои сака да биде сигурен. За да го испита својот син и да ги открие неговите надежи, тој тврди дека ги променил плановите и се откажал од бракот. Наивниот син му кажува на татко му сè, љубовта кон девојчето и желбата да се ожени со неа; бесен, Арпагон едвај се спротивставува на нападот на насилство и го проколнува. Готвачот Жак интервенира за да ги раздвои и смири: секој посебно го тера да верува дека другиот се откажал. Помирувањето е краткотрајно, спорот продолжува уште пожестоко и не престанува додека не пристигне Ла Флеш, со ковчежето со десет илјади златни круни, што тој самиот го украл. Изнервиран, Арпагон ветува дека ќе го најде виновникот и ќе го казни како што треба.
- Чин V - Арпагон бара полициски комесар да ја истражи кражбата на ковчежето и, во неговиот алчен делириум, сака да ги испраша сите парижани. За одмазда, готвачот Жак го назначува Валера која пристигнува во овој момент. Тој е повикан да се објасни и да го признае своето дело. Недоразбирање, мислејќи дека неговите чувства кон Елиза се познати, тој признава дека таа тајно му е свршеница. Уште еднаш Арпагон разбира со задоцнување и го опфаќа бес. Анселм, кој треба да се ожени за Елиза, стапува на сцената додека Валер почнува да ја раскажува својата приказна. Старецот разбира дека Валер и Маријана се негови деца, тој бил убеден дека тие загинале во бродолом, многу одамна. Валер ќе се ожени за Елиза, а Клеант ќе се ожени за Маријана. Арпагон ги прифаќа нивните бракови, сè додека Анселме плаќа за сè. Останува сам со своето ковчеже.
Анализа
уредиАрпагон е сеприсутен во оваа комедија која се занимава во бурлескен облик со теми кои на прв поглед не се воопшто забавни: алчноста на прво место[1], но и домашната тиранија, себичноста и она што денес се нарекува сексизам. Откако станал вдовец, тој мисли дека може да си купи брачна сладост за својата старост, и покрај поинаквите желби, дури и на своите деца. И покрај неговиот лош начин на живот, за што сведочи неговата облека и критиките упатени кон неговиот животен стил низ претставата, Арпагон е благороден: има намера да ја омажи својата ќерка за Анселм, благородник и господин. Тој се занимава со лихварство, но во тајност бидејќи тоа е неспоиво со неговиот ранг и за тоа мора да користи лажно име. По цена на молиерски пресврт, неговите проекти се уништени и единствената утеха што му останува е затворена во ковчеже. Треба да се забележи дека на старогрчки ἁρπαγή / harpagế значи во активна смисла „грабливост" или „алчност“ и ἅρπαξ / hárpax „грабливец“ или „ограбувач“.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „https://www.etudes-litteraires.com/moliere-avare.php“. Надворешна врска во
|title=
(help)[мртва врска] - ↑ „L'avare de Molière - aLaLettre“. Посетено на 2017-05-03.