Складност (геометрија)
Складност — истовремена сличност и еднаквост на геометриските фигури.
Складност на триаголници
уредиЗа два триаголници се вели дека се складни доколку постои движење (транслација или ротација) со кое триаголниците се придвижуваат до совпаѓање.
При совпаѓање на триаголниците ABC и A1B1C1 се совпаѓаат нивните темиња, страни и агли.
За темињата кои се совпаѓаат A и A1, B и B1, C и C1 велиме дека се соодветни темиња.
Страните кои се совпаѓаат AB и A1B1, BC и B1C1, AC и A1C1 велиме дека се соодветни страни.
Аглите кои се совпаѓаат ∠A и ∠А1, ∠B и ∠B1, ∠C и ∠C1 велиме дека се соодветни агли.
За два складни триаголници соодветните агли и соодветните страни се еднакви.
Складноста на два триаголника се докажува со помош на признаците:
Признак страна - страна - страна (ССС)
уредиДва триаголника се складни ако трите страни од едниот триаголник се соодветно еднакви на трите страни на другиот триаголник.
Признак страна - агол - страна (САС)
уредиДва триаголника се складни ако две страни и аголот меѓу нив од едниот триаголник се соодветно еднакви на две страни и аголот меѓу нив од другиот триаголник.
Признак агол - страна - агол (АСА)
уредиДва триаголника се складни ако една страна и аглите што лежат на неа од едниот триаголник се соодветно еднакви на една страна и аглите што лежат на неа од другиот триаголник.