Скијалиште „Копанки“
Копанки — скијалиште во Националниот парк Пелистер, на североисточната страна на Баба Планина, на надморска височина од 1410 м. Скијалиштето Копанки е оддалечено 15 км од Битола со која го поврзува асфалтен пат. Во непосредна близина на скијалиштето се наоѓа хотелот „Молика“, а на крајот на седешницата, се наоѓа опожарениот планинарски дом „Копанки“.[1]
Историја
уредиСкијалиштето „Копанки“ е осовременето со седешница и влечница, свечено пуштени во употреба на 4 ноември 1975 година по повод денот на ослободувањето на Битола.
Целокупната изградба на жичницата била финансирана од месен самопридонес на жителите на општина Битола. Постројката била од производителот „Помагалски“ од Гренобл, Франција.
Во истиот период била поставена и детската влечница „Пионир“ која се наоѓа во потегот од локалитетот 7 Кладенци, до патот и почетокот на жичницата на локалитетот „Бегова Чешма“.
Честа за пуштање во свечена употреба му припаднала на Љупчо Спировски, член на Скијачкиот клуб Пелистер од Битола и репрезентативец во скијање на Република Македонија.
Во 1985 со помош на големиот број ентузијасти, планинари, граѓани од Битола и со помош на жителите од потпелистерските села се оспособила патеката над локалитетот Копанки до месноста викана „Извидница“ на надморска висина од 1600 до 1800 метри. Самоуправната интересна заедница (СИЗ) за Детска заштита при општина Битола била организатор и обезбедила средства за набавка на целата конструкција и постројка на влечницата на тој потег. Опремата била набавена од словенечкиот производител „Лесна“ од Словењ Градец, Република Словенија. [1]
Управување
уредиСо скијалиштето во текот на годините стопанисувале различни стопански организации:
- Од 1982 година до 1986 година - Рекреативниот центар Пелистер – Нижеполе.
- Од 1986 до 2001 година - „Детското одморалиште – Пелистер“, под покровителство на Министерството за труд и социјала на Република Македонија.
- Од 2001 година до 2002 година - Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола.
- Од 2002 година до 2005 година - Приватното претпријатие „Барни“ од Битола како концесионер на планинарскиот дом Копанки и скијачката патека.
- Од 2005 година до 2007 година - приватната фирма „Грандинг“ – Скопје.
Периодот од 2006 година до декември 2011 година е најтешкиот период за скијалиштето Копанки и за граѓаните и вљубениците на Пелистер, кога скијалиштето воопшто функционирало. Од почетокот на 2011 година стопанисувањето го презел АД ЕЛЕМ Скопје и нејзините подружници и скијалиштето повторно профункционирало. [1]
Скијачки патеки
уредиПатека | Тежина | Должина (m) | Висинска разлика (m) |
Копанки | Црвена | 680 | 210 |
Извидница | Црвена | 580 | 190 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ски-центар „Копанки" - Пелистер“. Хотел Молика. Посетено на 9 јануари 2022.