Скитник (песна на Коле Неделковски)

„Скитник“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од поетската збирка „Молскавици“, објавена во 1940 година, во Софија.

Анализа на песната

уреди

„Скитник“ спаѓа во песните на Неделковски посветени на животот во емиграцијата. За разлика од неговите песни со револуционерно-историска тематика, во неа тој не е повеќе поет кој романтично го слика минатото, туку се нурнал во животот и му погледнал в очи. Исто така, во неа го нема егзалтаторскиот и романтичен однос коннационалната слобода и послабо се чувствува влијанието на народната поезија. Песната обилува со песимизам („Дни се нижат со страшна гладост“), но авторот е оптимист, знаејќи дека ќе дојде очекуваниот ден кога „Роб ќе стане, ден ќе светне / младост пуста в крв ќе летне.“[1]

Наводи

уреди
  1. Тодор Димитровски, „Коле Неделковски (1912 — 1941)“, во: Коле Неделковски, Песни. Македонска книга, Скопје, 1967, стр. 9-10.