Систинска Мадона, исто така наречена 'Мадона ди Сан Систо'слика во масло на италијанскиот уметник Рафаело Санти. Сликата била нарачана во 1512 година од папата Јулиј II за црквата во Сан Систо, Пјаченца, а веројатно е изведена во 1513-1514 година. Платното било едно од последните со претстава на Мадона насликани од Рафаело. Џорџо Вазари го нарекол „навистина ретко и извонредно дело“[1].

Систинска Мадона
Творец Рафаело Санти
Година околу 1513–1514
Димензии 265 см × 196 см
Место Галерија со слики на стари мајстори, Дрезден

Огромното платно со димензии 265х196 см е создадено од Рафаело за олтарот на црквата на манастирот Свети Сикст II во Пјаченца по нарачка на папата Јулиј II.

Се верува дека е насликана во 1512 до 1513 година во чест на победата над Французите за време на италијанските војни. Потврда дека сликата е наменета за црквата е тоа што на неа се претставени светите Сикст II и Варвара, кои се нејзини патрони. Димензиите се совпаѓаат со централниот дел на заднината на црквата, каде што можела да се користи за замена на прозорецот што недостасува.

Сликата, која била малку позната до средината на 18 век, бидејќи се наоѓала во оваа провинциска црква, била купена по долги преговори од саксонскиот електор Август III, кој добил дозвола од Бенедикт XIV да ја однесе во Дрезден. Таму таа наскоро станала главно дело во збирката на Август III и станала широко позната во Европа. Во 2012 година, Дрезден одбележа специјална изложба по повод 500-годишнината од делото.

Ова е едно од најпознатите дела на Рафаелo и на високата ренесанса воопшто. Таа денес доживува бројни репродукции во најразлични материјали. По многу нешта таа е култно дело во историјата на ликовната уметност воопшто. Големиот писател Достоевски, во својата работна соба каде што ги напишал најзначајните дела, постојано ја имал репродукцијата на ова извонредно дело. Денес е на истото место во неговиот спомен музеј.

Наводи

уреди
  1. „Sistine Madonna“. Архивирано од изворникот на 2021-12-01. Посетено на 2021-12-28.