Син синец
Парење на сини синци.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Aricia
Вид: A. anteros
Научен назив
Aricia anteros
(Freyer, 1838)

Син синец или син аргус (Aricia anteros) е пеперуга од семејството синци, видот синци и подвидот аргуси. Пеперугата ја има и во Македонија.

Биологија

уреди

Пеперугата живее на Балканот, од Хрватска до Турција и во Украина и Романија. Распонот на крилјата на пеперугата изнесува од 30 до 34 мм. Ларвите на пеперугата воглавно се хранат со растенијата Geranium sanguineum и Geranium macrorrhizum .[1]

Опис

уреди

Женките на пеперугата се темнокафени, со сивкасти рабови и порткалови дамки на крилјата. Мажјаците имаат сина боја и темна маргина покрај рабовите на крилјата. Кај видовите во Европа има и присуство на мали црвени дамки на горната страна на крилјата. Пеперугата се наоѓа во јуни и јули, често само во планини.[2]

Наводи

уреди
  1. Aricia anteros at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
  2. Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)