Синонимија
Во реториката, синонимија (грчки: син, „слично“ + онома, „име“) ― употреба на неколку синоними заедно за засилување или објаснување на даден предмет или поим. Тоа е еден вид повторување кое додава емоционална сила или интелектуална јасност. Синонимијата често се јавува напоредно.[1][2]
Пример
уреди- Трибунот Марул го исмејува римското население во Шекспировиот „Јулиј Цезар“ за нивната непостојаност, нарекувајќи ги луѓето неколку различни пејоративни имиња: „Вие блокови, вие камења, вие полоши од бесмислени нешта!“