Симфонија Манфред

Манфред „Симфонија во Б-мол“, Op. 58[1]

Милиј Балакирјев го охрабри Чајковски да ја напише симфонијата „Манфред“.

Симфонијата на Манфред во Б-мол, оп. 58, е симфонија компонирана од Петар Илич Чајковски помеѓу мај и септември 1885 година. Таа се заснова на поемата „Манфред “напишана од Лорд Бајрон во 1817 година.

Ова е единствената симфонија што не била нумерирана од Чајковски; напишана е помеѓу четвртата и петтата симфонија.

Некои велат дека ова било неговото најбрилијантно и најинспиративно дело; дури и диригентот Артуро Тосканини го сметаше за најдоброто дело на Чајковски.

Оваа симфонија е снимена неколку пати, вклучително и снимки со големи оркестри и диригенти. Диригентите кои ја снимија оваа симфонија се Рикардо Шаили, Мстислав Ростропович, Лорин Мазел, Андре Превин, Јуџин Орманди, Јуриј Темирканов,Евгуени Светланов, Рикардо Мути, Игор Маркевич, Ендрју Литон, Михаил Фејтон, Плетниов и други. Симфонијата Манфред ретко се изведува концертно. Тоа е затоа што е долга и бара голем оркестар се смета дека е достакомплицирана за изведба

Хектор Берлиоз, инспирирал многу руски композитори, имал доста врски со потеклото на оваа симфонија. Балакирев ја имал првичната идеја, но сметал дека не е во неговиот карактер да направи ваква композиција. Како што објаснил во писмото до Чајковски на 9 октомври 1882 година, „оваа величествена тема е несоодветна, не се вклопува во мојата ментална шема“.

Темата беше заборавена неколку години, сè до 1885 година, кога Чајковски купи копија од Бајроновата Манфред и решил да ја компонира симфонијата. Балакирев ја напиша програмаската шема што требаше да се следи до последниот детаљ - вклучително и сите модулации - но Чајковски претпочитал да ја напише во свој стил. На почетокот, како што му било вообичаено, ја сметал за една од неговите најдобри композиции, но неколку години подоцна сакал да ги уништи партитурите.

Симфонијата Манфред за прв пат беше изведена во Москва, во март 1886 година, со Макс Ердмансдорфер како диригент. посветена е на Балакирев и трае приближно 58 минути.

Напишано е за три флејти, две обоа, англиски рог, два кларинети во А, бас кларинет во Б ♭, три фаготи, четири рогови, два корнети, две труби, три тромбони, туба, тимпани, перкусии, кимвали, гонг, ѕвона , триаголник, тамбура, две харфи, прва и втора виолина, виоли, виолончело, контрабас и орган, кој накратко се појавува во кодот на Финалето.

Се состои од четири ставови:

  1. Lento lugubre
  2. Vivace con spirito
  3. Andante con moto
  4. Allegro con fuoco

Наводи

уреди