Силика гел
Силика гелот е аморфна форма на силика 2 и има многу порозна структура.[1] Тој се добива со закиселување на воден раствор на натриум силикат. Се формира желатинозен талог, кој се мие за да се отстрани вишокот на електролит и потоа тој се суши за да се отстрани водата. Карактеристиките на добиениот производ зависат од начинот на подготовка, но типичните препарати имаат големина на пора од 2200-2600 и активна површина од 750-800. Се користи како впивач на вода и влага, катализатор, изолатор, во хроматографијата за полнење на столбови итн. Силика гелот може да собере повеќе од 40% вода. Тој е хемиски инертен и e нетоксичен.[2]
Синтеза
уредиСо додавање киселина во растворот на натриум силикат, се формира желатинозен талог, кој се дехидрира за да формира силика гел. Ако силика гелот треба да се користи како индикатор за содржината на влага, на него се додава амониум тетракобалтат (II) или кобалт (II) хлорид. Бојата во тој случај ќе биде сина кога ќе се исуши, а розова е во присуство на влага.
Наводи
уреди- ↑ Jolly, William L. (1991). Modern Inorganic Chemistry (2nd изд.). New York: McGraw-Hill. ISBN 0-07-032768-8.
- ↑ Greenwood, N. N.; Earnshaw, A. (1997). Chemistry of the Elements (2.. изд.). Oxford: Butterworth-Heinemann. ISBN 0-7506-3365-4.
Литература
уреди- Greenwood, N. N.; Earnshaw, A. (1997). Chemistry of the Elements (2.. изд.). Oxford: Butterworth-Heinemann. ISBN 0-7506-3365-4.CS1-одржување: ref=harv (link)