Сеќавање на моите тажни курви
Сеќавање на моите тажни курви (шпански: Memorias de mis putas tristes) е роман од Габриел Гарсија Маркез.
Книгата е издадена на шпански јазик во 2004 година. Изданието на македонски беше издадено во 2009, со превод од страна на Мирјана Велкова[1].
Содржина
уредиСтарец наоѓа љубов на крајот на својот живот кога единствено ја очекува смртта. Ова е приказна за љубовна и сексуална врска помеѓу остарен новинар и девојче од работничка класа кое ја продава својата невиност за да му помогне на своето семејство. Новелата е за спомените и солидарноста, но исто така и за среќата во детството и откривањето на првата љубов.
Цитати
уреди„Во моите деведесетти години одлучив да си подарам себеси љубовна ноќ со млада девица.“
„Ова беше нешто сосема ново за мене. Јас ја игнорирав уметноста на заведување и секогаш случајно ги одбирав моите невести за една ноќ. Повеќе според нивната цена отколку нивната привлечност и водевме љубов без љубов, повеќето време полу облечени и секогаш во темнина за да можеме да се замислиме себеси подобри отколку што сме...“
„Таа ноќ го открив неверојатното задоволство од набљудување на тело на заспана жена без поттик од желба или пречки од скромност.“
„Триумф на животот е тоа што старите луѓе ги губат нивните сеќавања на несуштинските нешта. Ние не се трошиме со времето, времето е алатка која го отстранува нашиот одвишок, како длето кое отстранува мермерни струготини за да го открие уметничкото дело.“
„Јас никогаш не сум отишол во кревет со жена за која не сум платил... До времето кога имав педесет години постоеја 514 жени со кои сум бил барем еднаш... Мојот јавен живот, од друга страна, беше сосема неинтересен. Двајцата родители починати, ерген без иднина, просечен новинар... и омилен кај карикатуристите поради мојата особена грдотија.“[2]
Печатени изданија
уреди- ISBN 1-4000-9580-8: Vintage; Шпански оригинал, мека обвивка
- ISBN 1-4000-4460-X: Knopf; превод Англиски, САД тврда обвивка
- ISBN 0-224-07764-3: Jonathan Cape; превод Англиски, Велика Британија тврда обвивка
- ISBN 80-207-1187-2: Odeon, превод Чешки, тврда обвивка
- ISBN 5-98358-161-9: Online; превод Руски, мека обвивка
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Критика на Complete Review
- Критика на The New Yorker
- Страница Архивирано на 9 февруари 2009 г. на Metacritic.com
- Страница на Fantastic Fiction
- Резиме во весник „Вест“ Архивирано на 26 септември 2007 г.