Семеен портрет (Војаџер)

Семеен портрет, или Портрет на Планетите е слика од Сончевиот Систем направена од вселенско летало Војаџер 1 на 14 февруари 1990 година. Сликата претставува мозаик од 60 одделни слики.[1] Тоа се последните фотографии направени од вселенското летало Војаџер. Во овој мозаик се наоѓа и фотографијата на планетата Земја наречена Бледата сина точка. Американскиот астроном Карл Саган кој бил дел од тимот на Војаџер одговорен за фотографии, долго години инсистирал за да се направат овие фотографии.

Семејниот портрет на Сончевиот Систем снимен од вселенското летало Војаџер 1.

Сликите биле направени од растојание од околу 6 милијарди километри и под агол од 32° над рамнината во која торира Земјата околу сонцето. Од двете вселенски летала Војаџер, Војаџер 1 бил избран за изработка на семејниот портрет, бидејќи неговата позиција во однос на Сонцето одговарала зада се направи успешна фотографија на Јупитер (ослободени од сјајот на Сонцето).

Седум небесни тела се присутни во мозаикот. Тоа се, од десно кон лево: Нептун, Уран, Сатурн, Сонцето, Венера, Земјата и Јупитер. Марс и Меркур се премногу мали за да се најдат на оваа скала. Земјата била речиси изгубен во дифранционите зраци.

Сликата нема природен изглед зашто поединечните фотографии биле направени во различни експозиции и преку различни филтри за да се доловат што е можно повеќе детали. Сонцето е снимено со најтемен филтер и со најкратка експозиција за да се избегне оштетувањето на оптиката. Поголемиот дел од сликите се направени со широкоаголни леќи, но самите планети се направени со тесеноаголни леќи.

Литература

уреди
  1. „NASA: Visible Earth - Solar System Portrait - 60 Frame Mosaic“. Архивирано од изворникот на 2007-07-17. Посетено на 2010-08-25.

Слични содржини

уреди

Надворешни врски

уреди