Селечки манастир (Прилепско)

Селечки манастирмакедонски православен христијански манастир кој се наоѓа во селото Селце. Самиот манастир е во непосредна близина и на градот Прилеп, поради што е често посетуван од страна на граѓаните на Прилеп, од каде што води асфалтен пат.[1]

Селечки манастир
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Димитриј“ - Селце
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1933
Посветен наСвети Димитриј
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Св. Димитриј“
„Св. Петка“
„Св. Илија“
Личности
Место
Местоатар на село Селце, Прилеп, Македонија Македонија
Координати41°19′31″N 21°34′40″E / 41.32528° СГШ; 21.57778° ИГД / 41.32528; 21.57778
Отворен за јавностада

Историја

уреди

Изграден е во 1933 година и истата година е осветен од тогашниот битолски епископ Николај (Велимировиќ). Манастирот е сместен во шумско подрачје на планината Селечка, на неколку километри од градот Прилеп.

Денес во тек е градбата на новите конаци и новата камбанарија.[1]

Цркви

уреди

Околу манастирот се наоѓаат и малите црквички „Св. Петка“ и „Св. Илија“. Воедно, покрај манастирот, како крст се распоредени и четири свети води: Света Недела, Свети Димитрија, Света Петка и Средочна Вода.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Мургоски, Љупчо (24 јануари 2016). „Божествен е погледот кон Прилеп од манастирот на Селечка“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 26 јануари 2016.[мртва врска]