Секогаш ќе знам што направивте минатото лето
Секогаш ќе знам што направивте минатото лето англиски: I Will Always Know What You Did Last Summer) — американски хорор филм од 2006 година, во режија на Силван Вајт, во кои играат Брук Невин, Дејвид Питку, Тори Девито и Бен Истер. Тоа е трет и последен филм од трилогијата „Знам што направивте минатото лето“, продолжение на „Сè уште знам што направивте минатото лето“, иако нема ниту еден друг лик што треба да се прикажува повторно, освен рибарот убиец, кој овојпат е претставен како зомби и не го толкувал ниту истиот глумец.
Дејство
уредиНа 4 јули, петмина пријатели: Амбер, Колби, Зои, Роџер и Пи Џеј, се шегувале на сметка на сите луѓе на забавата како рибарот, убиецот од претходните 2 филма, ги напаѓа сите гости со кука. Сепак, се случила несреќа и Пи Џеј умира, а другите четворица пријатели се согласуваат да ја чуваат тајната засекогаш. Една година подоцна, Амбер добива 50 пораки со текст: Знам што направивте минатото лето. Потоа, таа собира други пријатели за да открие кој ѝ праќа пораки. Откриваат дека братучедот на Пи Џеј, Ленс, исто така знае за тоа, но ниту тој не е одговарен за заканувачките пораки.
Наскоро сфаќаат дека ги прогонува духот на еден рибар, Бил Вилис, кого Џули Џејмс го убила во претходниот дел од трилогијата, и дека ги прогонува затоа што ја направиле истата грешка како Џули, Хелен, Бери и Рој. Амбер и Ленс успеваат да ги преживеат неговите напади.