Свилен конец (документарец)

македонски документарец

Свилен Конец е краток документарен филм во кој е опишан процесот на производство на свилениот конец во Богданци и свиларата во Гевгелија. Филмот зборува за процесот на создавање на свилениот конец, од формирањето на гасениците на свилените буби, преку кожурците, па сè до индустриското производство во текстилната индустрија.

Кожурецот на свилената буба бил одомаќинет процес на работа на многу семејства во јужниот крај на Македонија, како Гевгелија, така и Богданци. Луѓето ги одгледувале во домашни услови, а за нивно прихранување биле садени и цели плантажи на дрвото „црница“ со чиј лист се храни кожурецот. Дрвјата на црницата долго време беа присутни и долж најдолгата улица во Гевгелија, некогаш наречена улица на Крал Петар, сега улица „Маршал Тито“, или позната како улица од станица до граница. Локалниот пат од Гевгелија до Богданци беше познат по насадените ниви со црници. Згаснувањето на овој вид прозиводство не ги уништи црниците долго време во овој крај, но урбанизацијата си бараше свој простор и овој природен потсетник на свиларството во гевгелиско-богданско исчезна од очите на минувачите.

Во задружништвото Богданци свиларството е основна производна гранка. Авторот ги следи подготовките за свилобубарско производство на бабата Филка Џочкова од Богданци. Цела една соба од својот дом, послана со рафтови и рогозини, затворени прозорци затемнети со хартија. Свилобубата е првата припитомена бубачка во служба на човекот. Таа расте многу бргу. Од оплодувањето до испилувањето таа ја зголемува својата тежина од 8-10.000 пати. Спијат и растат 30 денови. По 30-от ден бубите престануваат да јадат и нервозно почнуваат да мрдат. Овој ден го очекуваат свилобубо одгледувачите. Им ставаат суви гранки без лисја и тие почнуваат да плетат конец. Три дена и три ноќи свилобубата си го гради своето катче, (кожурецот), а како ќе излезе од него, дали жива или мртва тоа зависи од одгледувачите. За кратко време бубата ќе го продупчи кожурецот за да излезе. Но, такви кожурци не и' се потребни на индустријата бидејќи конецот ќе биде прекинат. Затоа свилобубоодгледувачите ги собират кожурците и ги предаваат на откуп во свиларската фабрика во Гевгелија, која ја стопанисуваа браќата Ралеви. Овде се прибегнува кон печење на кожурците за да се спречи бубата да се претвори во пеперуга, а потоа кожурецот станува предмет на индустриска обработка, се отплетува свилениот конец од кожурецот. 12 нитки од кожурците се спојуваат во еден конец и стануваат полуфабрикат за текстилната индустрија во Македонија.

Документарниот филм кој датира од првата половина на 20 век е снимен по сценарио и режија на Јово Камберски. Музиката е во изведба на Словенечката филхармонија. Ако оставете да ве понесе нарацијата за едно старо домашно стопанисување за потребите на манифактурното производство во гевгелиско-богданското производство на свилената буба, ќе ја дознаете и вредната и трпелива работа на нашите некогашни сограѓани и предци на овие простори.

Првите филандри - одгледувачници на буби во Гевгелија датираат од 1850 година во сопственост на султанот Абдул Хамид II, а првото индустриско производство започнува со отворањето на првата свиларница 1888-1889 година со производство на 20.000 кожурци на сезона. Во периодот пред Балканските војни производството достигнува бројка од 1.000.000 кожурци во сезона. Во меморијата на постарите гевгеличани се' уште постојат сеќавањата за свиларницата на браќата Ралеви, создадена 1938 година во Гевгелија и истата опстојувала се' до 1952. Своето знаење за технологијата за производство од областа на текстилната индустрија тие го проширија и во Америка и во Индија каде ги продолжија своите бизнис дејсноти, а во актиелното совремие станаа и големи дарители за својот крај - Гевгелија.

Награди

уреди
  • 1970 ФЈДКФ, Белград, Златен медал „Белград“ за снимателот Киро Билбиловски 1970 МФФ, Лајпциг, Диплома