Светско првенство за мажи во одбојка 2018
Светско првенство за мажи во одбојка 2018 беше 19 по ред Светско првенство во одбојка за мажи, во конкуренција на државните репрезентации членки на Fédération Internationale de Volleyball (FIVB). Завршниот турнир се одржал во Италија и Бугарија од 9 до 30 септември 2018 година. За првпат турнирот бил одржан заеднички од страна на повеќе од една земја. Најдобрите шест се натпреварувале во Италија, во салата Пала Алпитур во Торино.[1]
Полска ја одбрани својата светска титула, победувајќи го актуелниот олимписки првак Бразил во рамноправен натпревар исто како во 2014 година во финалет. [2][3] Ова е трета титула за Полска, и третпат во последните четири изданија на Светското првенство што Бразил и Полска ги оспори финалето. Ова исто така беше петто последователно светско првенство каде што Бразил играл барем во финалето.
САД го освои третото место извојуваќи победа над Србија во четири сета.[4] Бартош Курек од Полска беше избран за „Најкорисен играч на турнирот“.[5]
Во првиот круг од натпреварувањето на мечот помеѓу Русија и Тунис се постави нов рекорд на сите времиња со најмалку постигнати бодови на натпревар од Светското Првенство Истиот го постигна Русија освојувајќи го вториот сет со 25-6. Претходниот рекорд беше 25-8 кој го држеше САД против Порторико поставен во текот на Светското Првенство во 2014 година.[6]
Наводи
уреди- ↑ „Italy and Bulgaria to co-host 2018 Men's World Championship“. FIVB. 9 December 2015.
- ↑ „Poland triumph over Brazil to retain world title for four more years“. FIVB. 30 September 2018.
- ↑ „Poland retake the world by storm“. FIVB. 30 September 2018.
- ↑ „USA rebound from a set down to claim world bronze over Serbia“. FIVB. 30 September 2018.
- ↑ „Bartosz Kurek named MVP to lead World Dream Team“. FIVB. 30 September 2018.
- ↑ „Russia set scoring record as World Championship pools take shape“. FIVB. 16 September 2018.