Светски ден на радиото
Во 2013 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја одобрила прокламацијата на УНЕСКО за Светски ден на радиото да биде 13 февруари[1]. На овој ден се слави радиото како медиум кој образова, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури. Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото, да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓунарорната соработка меѓу радиодифузерите.Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина.Милијарди луѓе од целиот свет и натаму секојдневно се приклучуваат на радио, а тоа и натаму го држи приматот како најбројна и најголема медиумска платформа.
Светскиот ден на радиото Día Mundial de la Radio Journée mondiale de la radio | |
---|---|
Лого на Светскот ден на радиото, усвоено од Меѓународниот комитет на радиото | |
Наречен и | Светски ден на радиото |
Го празнува(ат) | Членки на ООН |
Датум | 13 февруари |
Прослава | УНЕСКО |
Според УНЕСКО, „како што радиото еволуира во дигиталната ера, тоа останува медиум со поголема публика на светско ниво отколку кој било друга медиумска форма. Тоа ги охрабрува луѓето, вклучително и младите, да се вклучат во дискусиите за темите кои ги засегнуваат. Тоа може да спаси животи во време на несреќи и природни непогоди, а им нуди на новинарите платформа да ги раскажат нивните приказни.“
Наводи
уреди- ↑ „Денеска е Светски ден на радиото | TV Nova“. tvnova.mk. Посетено на 2018-02-13.[мртва врска]