Свети Пантелејмон (кована пара)


Свети Пантелејмонкована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Свети Пантелејмон
Лице
Опачина
Поединости
Серија Православни светци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 7,0 г
Димензии 17 х 24 мм
Облик правоаголен
Раб мазен
Издадена 2018
Цена 1.500 ден.

Опис уреди

Лице уреди

На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија, а под него годината на издавање „2018“. Во горниот дел на македонски е испишана деноминацијата „10 денари“, додека во долниот дел исто така на макеедонски јазик името на земјата која ја издава кованата пара „Република Македонија“. На обете страни од монетата долж вертикалните рабови има цветен украс.[1]

Опачина уреди

На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан ликот на Свети Пантелејмон со испечатен златен ореол и украс во позадина. Над ликот на светецот се поставени два сини кристали Сваровски. Долж вертикалните рабови е испишано името на светецот кој е прикажан на парата, а во долниот лев агол е испишана ознаката „Аg 925“.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели „Св. Пантелејмон". Посетено на 6 септември 2018.