Свети Никола Исповедник

Никола Исповедник е христијански светец.

Никола Исповедник
светец
Почитуван(а) во *Православие
Слава 4 февруари

По потекло Никола е од островот Крит. Заминал во Цариград за да го посети својот роднина Теодор, игуменот на Студитскиот манастир, па тука и oстанал и се замонашил. Како монах Никола ги поминал сите подвизи заради спасението на својата душа. Во времето на гонењето на христијаните од страна на Лав V Ерменец, Теодор и Никола биле oстро мачени. По смртта на св. Теодор, Никола станал игумен студитски. Така, ја исцелил од болест Евдокија, жената на царот Василиј, и Елена, жената на патрикот Мануил. На Теофил Мелисен, угледен благородник, на кого не можеле да му се задржат децата, му ја благословил новородената ќерка и прорекол дека ќе живее и ќе биде многуплодна, коешто и се случило на радост на родителите. Поќинал во 868 година.

Православната црква неговиот ден го чествува на 4 февруари.

Наводи

уреди