Свети Лука Еладски
Свети Лука Еладски е христијански светец од 10 век.
Роден e во Касторија. Уште како дете никогаш на сакал да вкуси месо, животот го поминувал во чистота и молитва. Еднаш отишол со житно семе на нива да сее. Но по патот им го раздал на сиромасите поголемиот дел од семето а помалиот дел, што му преостанал, го посеал. Потоа св. Лука избегал од својата мајка вдовица во манастир. Ожалостената мајка усрдно се молела на Бога да ја каже тајната каде се наоѓа нејзиниот син. Игуменот на тој манастир сонувал три ноќи по ред дека некоја жена го напаѓа остро што ѝ го зел синот единец. Тогаш игуменот му наредил на Лука, веднаш да отиде кај својата мајка. Лука отишол, се видел со мајка си, но пак се оддалечил од неа, сега неповратно. се испостувал на таканаречената Јованова Гора. Ноќе Му се молел на Бога, а дење работел во бавчата и нивата, не заради себе, туку заради сиромасите и посетителите. Тој, пак, се хранел само со јачменов леб. Починал во 946 година[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 7 февруари.
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 53
Оваа статија за светец е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |