Свети Кесариј
Свети Кесариј е христијански светец од 4 век.
Свети Кесариј | |
---|---|
Роден(а) | 331, |
Починал(а) | 368 |
Почитуван(а) во | Православие, Римокатоличка црква |
Слава | 9 март |
Брат на Свети Григориј Богослов. Св. Кесариј бил и богословски писател. Меѓу другото, тој се грижел да одговори на прашањето: колку време поминале Адам и Ева во Рајот пред изгонувањето. Некои го определувале тоа време на шест часа, други на 24 часа, трети на три дена. Свети Кесариј мислел дека тоа време било 40 дена. Поради тоа, вели, и Господ Исус постел 40 дена во пустината, и бил за тоа време искушуван од ѓаволот. Па додека стариот Адам не можел да им одолеe на искушенијата ѓаволски во рајското изобилие, Новиот Адам им одолеал витешки во гладната и жедната пустина[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 9 март.
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 99