Сара Шестрем
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Сара Фредрика Шестрем (шведски: Sarah Sjöström, родена на 17 август 1993 година) е шведска пливачка која плива кратки патеки. Таа ги плива дисциплините слободно и делфин. Таа е актуелена светска рекордерка во 50 метри слободен стил (долга патека), 100 метри слободен стил (долга патека), 200 метри слободен стил (кратка патека), 50 метри делфин (долга патека) и 100 метри делфин (долга патека и кратка патека). Таа е првата шведска жена која освоила олимписки златен медал во пливање.
Кариера
уредиНа 22 март 2008, на 14 години таа освоила златен медал на 100 мерти делфин на Европскиото првенство во водени спортови во Ајндховен, Холандија. Таа испливала 58.44 секунди. Во полу финалето ,денот пред таа да го постави новиот национален рекорд со 58.38, срушивајќи го стариот рекордот на Ана-Карин Камерлинг (58.71 секунди). На шведското натпреварување во 2008 таа испливала 58.55 секунди.
На 26 јули 2009 на светското првенство таа поставила рекорд во полу финалето со време од 56.44 секунди, изненадувајќи ја рекордерката Инге де Бруијн која го држела рекордот веќе 9 години. Следниот ден, во финалето за жени на 100 метри делфин, освоила златен медал и го подобрила нејиниот светски рекорд со време 56.06 секунди.
Во 2010 година на Европското првенство во Будимпешта, Унгаија, таа го одбранила својот залтен медал со победа во дисциплината 100 метри делфин.
Во 2013 на Европското првенство во кратки патеки во Хернинг, Данска, Шестрем освоила 4 поединечни и 2 тимски медали. На 5 јули 2014 таа го срушила светскиот рекорд (долга патека) со време од 24.43 секунди. Големата разлика од 0,64 секунди со која таа го срушила стариот рекорд бил споредува со светскиот рекорд од скок во 1968 година на Боб Бимон.
Во 2015 година на Светското првенство во водени спортови освоила 5 медали, со тоа што освоила златен медал на 50 m делфин, кога таа го срушила последниот рекорд двапати. Во 2015 година таа добила стипендија.
На 25 јануари 2016 година Шестрем била наградена од шведското радио Radiosportens Jerringpri, награда по вторпат во годината.
2012 Летни олимписки игри
уредиНа Летните олимписки игри во 2012 во Лондон, се натпреварувала во 4 поединечни дисциплини, со тоа што дошла до полу финалиња во дисциплините 50 метри слободно, 100 метри слободно и 200 метри слободно, завршила четврта во финалето на 100 метри делфин со време од 57.17 секунди. Рекордот на Сара бил срушен во оваат трка од страна на Дана Волмер од Соединетите Држави. Во 2015 Шестрем повторно го срушила рекордот подобрувајќи го 2 пати на светското првенство во Казан.
2016 Летни олимписки игри
уредиНа 7 август Шестрем освоила златем медал на 100 мерти делфин на Олимпијадата во Рио, поставувајќи светски рекорд со време 55.48 секунди. Кога Шестрем освоила сребрен медал и бронзен медал на 200 метри и на 100 метри слободен стил, таа станала втората жена во историјата и петта пливачка вкупно, следејќи го Марк Спиц (1972), Кормелиа Ендер (1975, 1976), Мат Бионди (1986, 1988) и Мајкл Клим (1998), со освојување на медали на 100 метри и 200 метри слободен стил на Олимпијада или на свтетско првенство.
Кариера во 2017
уредиВо јануари 2017 Сара Шестрем се натпреварувала на 19-иот луксембурски евро митинг победувајќи на 50 метри слободно со време од 25.63 секунди. Таа исто така победила и на 100 метри слободно со време од 57.21 секунди, на 50 метри делфинсо време 25.02 и на 100 метри делфин со време од 57.21 секунди. Во април 2017 Шестрем се натпреварувала во Стокхолм и победила на 50 метри делфин со време од 56.26 секунди. Таа исто така победила на 50 метри слободно, поставувајќи време од 23.83 секунди, најбрзото врене некогаш. Во трката на 100 метри слободно го освоила првото место со време од 52.54 секунди, новиот најдобар шветски рекорд.