Сара Аронсон (друштво)
Сара Аронсон било еврејско женско друштво. Дејствувало во Битола меѓу двете светски војни.[1] Било основано со цел да ги воспитува девојките во еврејскиот национален дух. Се одржувале предавања што ги третирале актуелните проблеми на младите Еврејки, меѓу кои и прашањето на описменувањето. Во 1924 година имало околу 80 членови.[2]