Самопаркирник
Самопаркирник, систем за самопаркирање, систем за автоматско паркирање – автономен систем за маневрирање автомобил кој го движи возилото од сообраќајната лента во местото за паркирање за да изврши паралелно паркирање, нормално или паркирање под агол. Самопаркирникот има цел да ја зголеми удобноста и безбедноста на возење во ограничени (притеснети) услови каде се бара големо внимание и искуство за да се управува колата. Маневрирањето за паркирање се постигнува со координирана контрола на аголот и брзината на воланот при што се зема предвид постојната ситуација на околината за да се обезбеди движење без судир во слободниот простор.[1]
Автомобилот е пример на нехолономен систем каде бројот на расположливи контролни команди е помал од бројот на координати кои ја претставуваат неговата позиција и ориентација.
Еден од првите системи за помош при паркирање на кола бил мануелен. Тој користел четири дигалки со тркала за да ја подигне колата и потоа да ја странично да ја придвижи во расположливиот простор за паркирање. Механичкиот систем бил предложен во 1934 година, но никогаш не бил комерцијално понуден во некој модел.[2]
Наводи
уреди- ↑ Paromtchik, Igor; Laugier, Christian (April 1996). „Motion Generation and Control for Parking an Autonomous Vehicle“ (PDF). Proceedings of the IEEE International Conference on Robotics and Automation. Minneapolis, MN, USA. стр. 3117–3122. doi:10.1109/ROBOT.1996.509186. Посетено на 10 May 2015.
- ↑ Corporation, Bonnier (September 1934). „Four Wheels On Jacks Park Car“. Popular Science Monthly. Посетено на 9 May 2015.