Самообвинување
Самообвинување е когнитивен процес во кој поединецот ги препишува стресните настани за себе. Насоката на која што поединецот ја препишува вината често има импликации во емоционалноста и однесувањето во стресната ситуација.[1][2]
Самообвинувањето е честа реакција во стресните настани.[1] и има одредени ефекти на тоа како поединците се адаптираат. Се претпоставува дека видовите на самообвинување придонесуваат кон депресивноста; самообвинувањето е компонента на емоциите насочени кон себе како вина и гадење од себе.[3][4] Поради комуналитетот на самообинувањето и реакциите на стрес и нивната улога во емоциите, самообвинувањето треба да биде проучено користејќи психолошки перспективи на стрес и справување.[5]
Самообинување и стрес
уредиДодека концептуализацијата на стресот се разликуваат, најдоминантни се моделите на стрес кои се засноваат на проценка. Овие модели го дефинираат стресот како како реакција на субјективна проценка, во зависност од околностите во кои поединецот се наоѓа. Всушност стрес се појавува кога поединецот се соочува со фактор од околината за којшто нема способност за справување.[6][7] Процесот на оценување на ситуациите како изискувачки или неизискувачки се нарекува проценка, а овој процес може да се случи брзо и несвесно. Стресот не произлегува од самите настаните, тој произлегува од конфликтот на ситуацијата која е во судир со целите на поединецот. Стресот е систематична психолошка компонента која вклучува субјективни емоции и мотивациска компонента, некои истражувачи го сметаат стресот како поткатегорија на тесно поврзан систем на емоции, кои исто така зависи од проценката и мотивациското однесување.
По завршување на проценката, активностите за намалување на стресот претставуваат процес на справување. Справувањето може да вклучи промени во односот помеѓу ситуацијата и животната средина (промена на ситуацијата или целите што довеле до проценката на стрес), намалување на емоционалните последици од проценката на стресот или избегнување на размислување за стресната ситуација.[7][8] За време и по трауматичните настани, проценките на поединците влијаат на тоа колку е стресен настанот, нивните верувања за тоа што го предизвикал настанот, значењето што тие го препишале на настанот и промените што ги прават во нивното идно однесување.
Наводи:
уреди- ↑ 1,0 1,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Smith, C.A.; Kirby, L.D. (2011). Role of appraisal and emotion in coping and adaptation. In R. J. Contrada & A. Baum (Eds.). ‘’Handbook of Stress Science: Biology, Psychology, and Health.’’. New York: Springer.
- ↑ Lazarus, R.S.; Folkman, S. (1984). Stress, appraisal, and coping. Springer publishing company.
- ↑ 7,0 7,1 Folkman, S. (2011). Stress, health, and coping: Synthesis, commentary, and future directions. In S. Folkman (Ed.), The Oxford Handbook of Stress and Coping. New York, NY: Oxford University Press. стр. 453–462.
- ↑ Stroebe, M.S. (2011). Stress, health, and coping: Synthesis, commentary, and future directions. S. Folkman (Ed.), The Oxford Handbook of Stress and Coping. New York, NY: Oxford University Press. стр. 453–462.